Грчките медиуми за интервјуто на Димитров за ИБНА
„Димитров оптимист за референдумот“; „Димитров: Македонци и вие, Македонци и ние“; „Димитров: Македонскиот јазик е во групата јужнословенски јазици“; „Димитров: Договорот ќе биде прифатен, ние сме природни сојузници“; „Димитров: Правото на самоопределување не може да се оспори“; „Димитров: Македонци и ние, Македонци и вие, зошто ова да биде проблем?“, се дел од насловите во онлајн изданијата на грчките медиуми за интервјуто на шефот на македонската дипломатија за Независната балканска новинска агенција (ИБНА), кое МИА го објави во саботата.
Грчките медиуми, без дополнителни коментари или анализи, само со променети наслови, го пренесоа текстот од ИБНА или од грчката новинска агенција АНА-МПА, јави дописничката на МИА од Атина,.
-Министерот за надворешни работи на поранешната југословенска Република Македонија, Никола Димитров е убеден дека граѓаните на ПЈР Македонија, ќе го поддржат договорот со Грција, бидејќи според него, мудро одбираат кога се соочени со историски предизвици, пишува грчката новинска агенција АНА-МПА на почетокот на текстот.
Ново на Сител
-
Порастот на температурите ги зголемува ризиците од труење со храна, да се направи правилен избор при нејзина набавка
-
Таткото на Вања ослободен од обвинението
-
Палчо, Видевски, Манев и Кешишов осудени на доживотна казна затвор
-
Николовски: Од Блискиот Исток до Балканот - нафтата стана оружје, а енергијата економски адут
-
Во Иран обесени три лица за наводна шпионажа за Израел
-
МНРиНТ: Мајка и три деца евакуирани од Израел со лет од Тел Авив до Атина
-
Афродита заминала на престој во Холандија, кога се вратила начекала изградена куќа во дворот во Чаир
-
Влада: Преку кампања купувај домашни земјоделски производи ќе го зголемиме производството и потрошувачката