Хан: Мостот е симбол кој ги опишува европските интеграции
Српскиот претседател Александар Вучиќ и еврокомесарот за проширување и добрососедска политика Јоханес Кан денеска во Нови Сад пуштија во употреба мост, кој е граден на местот на стариот Жежелев Mост на Дунав, кој беше разурнат за време на бомбардирањето на НАТО во 1999 година.
- Не можам да замислам подобар симбол од мост, кој го опишува значењето на европските интеграции. Интеграција значи изградба на мостови помеѓу граѓаните, народот, помеѓу минатото и иднинјата. Овој убав, исконски мост го поврзува вашиот град со другиот брег на реката, но и вашата земја со ЕУ, со европското семејство, посочи Хан.
Тој додаде дека во Нови Сад дошол со српскиот претседател не само поради отворање на инфраструктурниот објект, туку и поради тоа што мостот е дел од патот на Србија во Европа.
Новиот мост е дел од железничкиот Коридор 10 и ќе биде дел од брзата железничка линија Белград - Будимпешта. Првите возови по мостот почнаа да сообраќаат во март годинава, а од денеска по мостот ќе можат да се движат и автомобили, велосипеди и пешаци.
Изградбата на мостот чинеше 54 милиони евра, од кои 25 милиони се обезбедени од Европска унија, 25 милиони од Војводина и од градот Нови Сад, а четири милиони од државата. Мостот е со должина од 474 метри и ширина 31,45 метри. Има два железнички коловози, по кои патничките возови можат да се движат со брзина од 160 километри на час, а товарните со 120 километри на час.
Мостот има два коловоза со ширина од 3,5 метри по кои автомобилите ќе можат да се движат со брзина од 80 до 100 километри на час и има две пешачки патеки со ширинаод 2,5 метри.
Стариот мост, кој беше разурнат за време на бомбардирањето на НАТО, беше изграден во 1961 година од архитектот Бранко Жежел.
Претходно, Хан се сретна со со српската премиерка Ана Брнабиќ со која разговараше за идните чекори во пристапувањето на Србија во ЕУ, за дијалогот Белград - Приштина и за други теми.
Хан на Твитер напиша дека имал „многу добар“ состанок со српската премиерка Брнабиќ.
Тој додаде дека разговарале за „следните чекори во пристапните преговори на Србија, дијалогот Србија - Косово, владеење на правото, ревизија на Уставот во областа на правосудството“.
- Го поздравувам формирањето на Заедничка работна група за медиумска стратегија, напиша Хан на Твитер.
Тој синоќа допатува во Белград и се сретна со претседателот на Србија, Александар Вучиќ.
Ново на Сител
-
Родители во Велика Британија поднесоа тужба против ТикТок поради податоци за починати деца
-
Македонија со пораз од Естонија остана без пласман на Европското кошаркарско првенство
-
Доктор: Животот на папата Франциск не е во опасност, тој е добро расположен
-
Украинските војници не сметаат дека наскоро ќе има крај на војната
-
Полицаец се самозастрела во Скопје
-
47-годишен турчин измамен во Штип за сума од 3.550 евра
-
Минчев: Меџити да не се однесува како Алиса во Земјата на чудата
-
Извори од Ватикан: Денес или утре ќе се знае како папата Франциск реагира на новата терапија