Жбогар: Јазикот на Блаже Конески и Матеја Матевски ќе биде официјален јазик на ЕУ
- Нашата цел е да слушаме и да ги разбереме вашите грижи во врска со процесот на ЕУ. Сакаме да ги споделиме придобивките од тоа да се биде земја-членка, да се биде еднаков дел на поширокото семејство, а со тоа јазикот на Блаже Коневски, Матеја Матевски и Лидија Димковска, да стане официјален јазик на Европската унија преведен како никогаш порано. Да бидеме сведоци на посилен интерес на вашата култура, јазик и идентитет, што ќе резултира со зајакната самодоверба како нација.
Ова денеска го изјави евроамбасадорот во Македонија Самуел Жбогар, на почетокот на кампањата за серијата дијалози со граѓаните „Замисли иднина заедно!“, што во следните неколку седмици ќе се спроведува во повеќе градови во земјава.
- Кога има бура на море или езеро, паметно е да го закотвите вашиот брод на пристаниште. Денеска нашиот свет се соочува со времиња на предизвици, додека семејството на ЕУ е вашето пристаниште, порача Жбогар.
Тој истакна оти одлуката на граѓаните на претстојниот референдум ќе влијае врз иднината на земјата, како и на односите на Унијата со Македонија.
- Затоа во нашата кампања нема да зборуваме за договорот, тоа е нешто што мора да го одлучат самите граѓани, но во исто време сакаме да им претставиме на граѓаните што е ЕУ, како нашиот однос ќе се развива во иднина, колку сакаме да го видиме почетокот на преговорите и нашето партнерство да се развива напред и сето тоа да го презентираме на граѓаните, рече Жбогар.
На новинарско прашање дали македонската администрација има капацитет да ги води преговорите со ЕУ, Жбогар рече оти во земјава има многу таленти и дека капацитетот не е ограничен само на Владата.
- Има капацитет и во опозицијата, затоа веруваме оти е важно ова да биде заеднички подвиг, сите во земјата да се обединат во овие преговори, оцени Жбогар.
Преку кампања „Замисли иднина заедно!“ Жбогар со неговиот тим во следните неколку седмици ќе посетат неколку општини низ земјава со што, рече, ќе ги доближат до македонските граѓани европските вредности и ќе слушнат директно од нив што се нивните грижи, што сакаат да се подобри во нивната општина, што сметаат дека ЕУ може да стори подобро за нив.
Ново на Сител
-

Мицкоски објави специјално видео за независноста, Филипче тврди дека се слават успесите на СДСМ
-

ВМРО-ДПМНЕ: Згрозени сме од политичката некултура
-

Трамп: Подготвени сме да го зголемиме економскиот притисок врз Иран
-

Во текот на изминатото деноноќие приведени 15 лица безобѕирно управување моторно возило
-

Расчистено разбојништво од почетокот на јули во скопско, приведени две лица
-

Маратонецот Ивановски единствен македонски атлетичар на ЕП во Бирмингем
-

Подобрена состојбата на пациентот транспортиран од Турција, лекарите апелираат на внимателност при скокови во вода
-

35 години независност на Македонија - објавено видео пред вечерашниот музичко-сценски спектакл во Охрид
