„Бучим“ го слави Денот на рударите

Денот на рударите денеска свечено беше прославен и во рудникот за бакар „Бучим “ во Радовиш. Заменик менаџерот на рудникот „Бучим“, Николајчо Николов на денешната свеченост истакна дека доколку не ја добијат дозволата за експлоатација во новото рудно тело „Боров дол“, тоа ќе значи и затварње на овој рудник.
- Ако за намјногу 18 месеци не добиеме дозвола за експлоатација на рудното тело „Боров Дол“ тогаш се соочуваме со извесната можност на самиот почеток од 2020 година на рудникот да му ставиме катанец, рече Николов.
Според Герасим Конзулов, градоначалник на Општина Радовиш, ако се затвори рудникот тоа би значело и затворање на оштината.
- Рудникот Бучим во вкупниот буџет на општината учествува со 55 проценти. Замислете си што ќе стане од нашата општина ако овој наш темелен стопански капацитет се затвори, рече Конзулов.
Министерот Зоран Шапуриќ кој беше на прославата вети дека до такво нешто нема да дојде.
- Оваа Влада е исклучително посветена на стопанството. Ќе направиме се што е во наша моќ и, секако, во рамките на законите, „Боров Дол“ да може да се користи од страна на „Бучим“ и овој рудник да си остане како еден од примарните репрезенти на рударството во Македонија. Тоа е од исклучително значење ако се знае дека од рударството во државата живеат 12.500 лица, а оваа гранка остварува извоз од 250 милиони долари“, рече Шапуриќ.
„Бучим“ денеска награди 46 работници, три смени и шестмина раководители. Во однос на бројот од 700 вработени, наградени се осум проценти од вработените.
„Бучим“ како општествено силно одговорна фирма комуналното претпријатие „Плаваја“ му подари камион за собирање и изнесување на смет, а на Општинската организација на Црвениот крст автомобил за секојдневни потреби.
Ново на Сител
-

РКЕ: Нови цени на горивата од полноќ, бензините поскапува за три, дизелот за шест денари
-

Димитриеска-Кочоска: Владата донесе одлука за намалување на акцизата на горивата
-

Милановиќ со критики за францускиот протокол: Вучиќ не требаше да биде сместен пред Пленковиќ на воената парада во Париз
-

Две лица загинаа и повеќе од 80 се повредени за време на прославите на светската титула на Шпанија
-

ЦУК: До 18 часот регистрирани осум пожари на отворено, еден сè уште активен
-

Трамп сака САД наскоро пак да бидат домаќини на СП во фудбал
-

МЗ: Забележано почетно намалување на бројот на новoпрегледани пациенти во Гостивар, активно се следи состојбата на терен
-

Бернам: На Велика Британија и треба нов политички и економски модел
