Филипче: Фонд за лекување во странство постои, средства секогаш има
- На никој не му било скратено правото да се лекува во странство ако бил соодветно упатен, без разлика дали има посебен или т.н. специјален фонд. Финансиски средства има секогаш и ќе се обезбедат во секоја ситуација кога пациентите се соодветно упатени од клиниките кои кажале дека кај нив не можат да се лекуваат, рече денеска министерот за здравство Венко Филипче.
Одговорајќи на новинарски прашања по прес-конференцијата во Владата за зголемување на платите во здравството, Филипче нагласи дека Министерството нема никаква улога во упатување на пациентите во странство. Како што објасни, тогаш кога стручните конзилиуми на клиниките кажуваат дека се исцрпени ресурсите и можностите за лекување тука, пациентите се упатуваат во странство за што има соодветна постапка во Фондот.
- Фонд за лекување во странство постои. Фонд и средства секогаш има. Може да се формираат и дурги, различни фондови, но средствата ќе бидат истите, оние од овој фонд. Нема да се направи никаква разлика во суштината дека секој што ќе побара лекување во странство, и ќе го добие, подвлече министерот.
Тој изрази жалење за вчерашниот смртен случај со девојчето Ева Крстановска. Притоа, напомена дека сите процедури и рокови за интост биле запазени. Конзилијарно мислење било дадено во рок од 48 часа.
- Многу ми е жал за тоа што се случи. Сум имал доктори, сум губел пациенти, тешко се надминува сето тоа. Разговаравме со директорот на Фондот, ја следев неговата прес-конференција денеска преку интернет. Сите процедури се запазени, како што тој објасни. Запазени се и роковите за итност. Рокот во кој се издава конзилијарното мислење кога има потреба од итност е 48 часа и во овој случај со девојчето бил запазен. Девојчето го добило тоа конзилијарно мислење во рок од 48 часа, потенцира Филипче.
Според него, Министрството е насочено кон јакнење на капацитетот на јавното здравство за да се намали бројот на пациенти што се упатуваат во странство. Се работи на доедукација на лекарите со помош на доктори од странство, но и нивно праќање надвор.
- За јакнење на капацитетот на јавното здравство е потребна соодветна експертиза, едукација на докторите, во некои случаи е потребна и опрема, а во други соодветна модерна инфраструктура. Некои работи можеме да ги имплементираме, некој дел да реновираме, да купиме соодветна опрема, да едуцираме лекари, медицински сестри во супспецијалност што сега не се прави во Македонија. Но, некои не можеме. За тоа ни требаат нови, модерни болници кои ќе овозможат интегрирана здравствена услуга која во моментов не може да се обезбеди. Затоа направивме план најпрво за едукација на нашите колеги, објасни Филипче.
Во врска со дополнителниот фонд за обезбедување средства за лекови за ретки болести за кои е разговарано со раководството на Стопанската комора, министерот информира дека на него се работи. Направени се, рече, анализите, а тимови од правници работат на тоа какво би било тоа тело, под чии ингеренции, кој ќе членува во него, кој ќе го води и со колкава сума на средства
Ново на Сител
-
Зеленски и Трамп денеска ќе се сретнат во Њујорк
-
Спасени белгиски планинари кај Дебар, биле нападнати од овчарски кучиња и бегајќи се качиле на телефонски столб
-
Муцунски од Њујорк: Стратешкиот дијалог со САД предвидува низа мерки за унапредување на меѓусебните односи
-
Без вода улици во скопската населба Крњево
-
Кикбоксерите со две бронзи од Европското првенство во Италија
-
Пожар во Козле, изгореа куќа и помошна просторија
-
Седница на Советот на Град Скопје за проблемот со јавниот превоз не е закажана, ЈСП има нафта доволна за денеска
-
Активни три, под контрола четири пожари