ВМРО-ДПМНЕ: Наместо проекти за младите, СДСМ спроведува партиски вработувања

Најголеми жртви на штетните и антидржавни политики на СДСМ се токму младите. Младите од оваа власт за повеќе од година дена колку што СДСМ е на власт видоа единствено уназадување. СДСМ не оствари ниту едно ветување кон младите, а дополнително им ги ускратија и оние бенефиции за младите кои никогаш не ги ветија.
Наместо проекти за младите, СДСМ спроведува партиски вработувања, ја преполнува јавната администрација со нови 6 илјади партиски послушници, а товарот за овие вработување ќе падне на грбот на граѓаните. Младите се погодени и од катастрофалната состојба во образованието, а особено поразителен е фактот што ниту еден македонски универзитет не се најде во најдобрите илјада универзитет според Шангајската листа.
Нема иднина без квалитетно образование, нема напредок со универзитети исклучени од оваа листа.
Македонија доживува порази на секое поле, а главен виновник за ваквата состојба е владата на СДСМ и Зоран Заев. Патот кон ЕУ и НАТО единствено е блокиран од клептоманството на актуелната власт, од коруптивните скандали, криминалните тендери и грантови. Напредокот на државата е блокиран од партиските вработувања и користењето на буџетската сметка за исплата на партиските послушници.
На патот на евроатлантските аспирации на Македонија, стои само еден човек, Зоран Заев. Човек кој ја зароби државата, го партизираше судството, кое наместо да го гони криминалот служи за амнестирање на високите партиски и државни функционери на СДСМ. Животот во Македонија ќе дојде во моментот кога Зоран Заев ќе замине во политичка пензија, стои во соопштението испратено од Центарот за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ
Ново на Сител
-

Водата во Скопје е безбедна за пиење
-

Пријавување за субвенциониран студентски оброк од денеска до 5 декември
-

Снежна бура во САД: Откажани речиси 500 летови, верижен судир помеѓу 45 возила во Индијана
-

Николоски: Автопатот Гостивар - Букојчани го градиме интензивно, 17 километри се веќе пробиени
-

Акциска контрола во Кичево: Кривична против музичари од Босна и Херцеговина, настапувале без соодветна работна дозвола
-

Најстудено во Тетово, Битола и Берово
-

Аксиос: Прашањето за териториите беше доминантна тема на разговорите меѓу Украина и САД во Флорида
-

Пробен период на „Безбеден град“, се снимаат сообраќајните прекршоци, месецов опомени, казни од јануари
