Додик: Србија треба да го бара северниот дел на Косово

Мислам дека треба четирите општини од северниот дел на Косово да се реинтегрираат во територијалниот состав на Србија, да се обезбеди највисок меѓународен стандард на заштита на српскиот народ на Косово, и да се заштити црковниот имот, а за него да се побара некој вид на екстериторијалност, изјави претседателот на Република Српска, Милорад Додик.
Тој нагласи дека во Србија таа поларизација околу Косово секогаш се сведува на тоа дали да се даде или не.
- Србите мора да концептираат еден свој план, кој ќе подразбира и краткорочни и долгорочни цели на нашиот народ. За почеток тоа би било реинтегрирање на тие четири општини во северниот дел на Косово, истакна претседателот на РС.
Коментирајќи го проблемот и решението на косовскиот проблем дека е повторно во фокус, Додик изјави дека српскиот претседател Александар Вучиќ успеал да го врати Косово како тема, бидејќи таа била изгубена, а луѓето биле незаинтересирани за неа.
- Сега дојдовме во позиција дека можеби можеме да направиме нешто. Среќен сплет на околности е и движењето на политичките процеси во ЕУ и Америка. Исчезнаа елитите кои обележаа некое претходно време, и она што е најважно дека во САД веќе не е истата Клинтонова елита, потенцира Додик.
Ново на Сител
-

Македонски државјанин баран за три убиства уапсен во Тирана
-

УЈП: Преземаме активности со цел даночните обврзници непречено да ги исполнат законските обврски
-

Се утврдува актуелната состојба и реалните можности за Скопското кале да се отвори и стави во активна културна функција
-

Министерството за надворешни работи го одбележа Меѓународниот ден на сеќавање на жртвите на холокаустот
-

Алкараз го победи Де Минаур и се пласираше во полуфиналето на Австралија oпен
-

АХВ: Итно се повлекува формулата за доенчиња Аптамил АР 2, потрошувачите кои ја купиле да не ја користат или да ја вратат
-

МЕД: Попишани над 35 300 единки од 44 различни видови водни птици на трите природни езера во Македонија
-

Во Зубин Поток запленети 140 килограми експлозив
