Од утре почнува увидот во Избирачкиот список за референдумот

Од утре (9 август) почнува проверката на податоците во Избирачкиот список за спроведување на референдумот на 30 септември. Увидот ќе трае до 23 август 2018 година до 24:00 часот.
ДИК ги повика граѓаните да ги проверат податоците во Избирачкиот список, и доколку сметаат дека е потребно, да побараат измена, дополнување или бришење на податоците во него. Проверката на податоците може да го направат преку веб-страницата на ДИК https://izbirackispisok.gov.
Барањата за измена, дополнување или бришење на податоците во избирачкиот список, граѓаните ги поднесуваат во подрачните одделенија и канцеларии на Државната изборна комисија, додека државјаните на РМ кои се на привремена работа или престој во странство го поднесуваат по електронска пошта до ДИК.
Од денот на започнувањето на увидот до неговото завршување државјаните на РМ кои се на привремена работа или престој во странство, можат да достават пријава, своерачно потпишана до ДКП или испратена по електронски пат преку веб апликација на ДИК.
Пријавата ДКП-та, односно конзуларните канцеларии во рок од два дена по завршување на увидот треба да ги достави електронски до МНР, а МНР, пак, најдоцна до 27 август треба да ја извести ДИК. Инаку, дијаспората за референдумското прашање ќе се изјасни на 29 септември.
ДИК по барањата и пријавите на граѓаните е должен да одлучи со решение во рок од 48 часа од денот на приемот на барањето. Доколку биде донесено решение со кое се одбива барањето, граѓанинот во рок од 24 часа од приемот на решението може да поднесе тужба до Врховниот суд. Врховниот суд во рок од 24 часа по приемот на тужбата и одлуката веднаш му ја доставува на тужителот по електронски пат.
Избирачкиот список што се става на јавен увид е со состојба на податоци на граѓаните кои заклучно со 30 септември 2018 година станале полнолетни.
Списокот на адреси на подрачните одделенија и канцеларии на ДИК може да се најде на линкот: http://www.sec.mk/kontakt/.
Ново на Сител
-

Руте: Словенија, Албанија и Чешка не ја исполнија целта на НАТО за одбранбени трошоци
-

Николоски-Баша: Изградбата на автопатот Скопје – Блаце е клучна за економската соработка меѓу Македонија и Косово
-

СП 2026: Нејмар нема да настапи против Хаити
-

СП 2026: Роналдо повикува на фокус на следниот натпревар
-

Украина и Русија повторно разменија тела на загинати војници
-

Бројот на новороденчиња во Грција за една година намален за 4,2 отсто
-

Израел објави нова карта на териториите под контрола на ИДФ во јужен Либан
-

Двајца поранешни претседатели на ФФМ осомничени за проневера на над 180 милиони денари
