ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ продолжува со недомаќинско владеење

Зоран Заев и СДСМ продолжуваат со своето расипничко и недомаќинско владеење. Зоран Заев и СДСМ продолжуваат економски да ја пустошат Македонија, а општиот грабеж да го покриваат со капитулантски договори кои значат менување на името, историјата, традицијата и културата.
Владата на СДСМ во изминативе 3 месеци, односно во вториот квартал, повторно го зголеми јавниот и државниот долг.
СДСМ јавниот долг за само 3 месеци го зголеми за 54 милиони евра или поточно за 580.645 евра дневно, додека државниот долг се зголеми за 29 милиони евра или 311.827 евра дневно.
СДСМ и Зоран Заев не планираат да застанат со погубното задолжување. Во вторник се планира ново задолжување на граѓаните на Република Македонија за нови 32.5 милиони евра.
Ова што го прави СДСМ е национална катастрофа. Речиси пола мандат им помина во задолжувања а немаат реализирано ниту еден проект што ќе им донесе бенефит на граѓаните.
Економијата доживува колапс. БДП е само 0,1% и е најнизок раст во регионот и во Европа. Градежништвото е во ужасна состојба додека стопанството одамна е во клиничка смрт. Земјоделците мака мачат да ги продадат своите производи, а граѓаните едвај врзуваат крај со крај.
Јавноста не виде ниту еден километар од најавените 600 за автопатишта, а нема ниту нови болници и амбуланти. Нема ниту повисоки субвенции за земјоделците. Пензионерите се излажани за повисоки пензии, а ја нема ниту најавената просечна плата од 500 евра.
СДСМ безмилосно ги лажеше граѓаните и не остварија ништо од она што го ветуваа пред изборите.
Зоран Заев, Кочо Анѓушев, Драган Тевдовски и останатите откако седнаа во фотелјите направија пустош. Си делат тендери, сомнителни бизниси и грантови на фирми блиски до нивните семејства и на партиските донатори.
Ништо друго не ги интересира освен својот џеб. Ова однесување мора да престане!
ВМРО-ДПМНЕ бара СДСМ да престане со расипничкото однесување и неразумните задолжувања.
ВМРО-ДПМНЕ бара СДСМ да се откаже од намерите предвидени од фискалната стратегија со која што државниот и јавниот долг би отишле над 50 отсто од БДП.
Правната држава и правосудството еден ден ќе се вратат на вистинскиот пат. Сите оние кои во овој момент работат сомнително ќе одговараат пред лицето на правдата.
Македонија и граѓаните на крајот ќе победат!
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ
Ново на Сител
-

Предложен притвор за лицето што вчера намерно ги опожари возилата на Бугарската амбасада во Скопје
-

Ангелов: Претпоставувам пожарите кај Штип се подметнати, МВР истражува
-

Кремљ: Во последниот разговор со Трамп, Путин не разговарал за средба со Зеленски
-

Граѓаните одлучуваат дали ќе даруваат орган или не, има можност и да се промени одлуката во секое време - усвоени измени во Законот
-

Трамп: Израел мора да биде „поодговорен“ во однос на војната во Либан
-

Сиљановска-Давкова: Западен Балкан е понапред од Украина и Молдавија, позитивен е обидот за ограничување на вето во ЕУ
-

ЦУК: До 18 часот евидентирани 14 пожари на отворено од кои активни се пет
-

Приведени 15 возачи за безобѕирно управување возило, сите возеле без возачка и меѓу нив тројца малолетници
