Буџетот на Собранието догодина 575,8 милиони денари, помалку пари за патни трошоци
- Буџетскиот совет на Собранието на Република Македонија денеска на седница го разгледуваше предлог- буџетот за 2019 година. Вкупниот буџет е предвидено да биде 575 милиони 836 илјади денари.
За една третина се намалени средствата за патни трошоци, но предвидени се средства за 75 пратенички канцеларии со исто толку асистенти, како и за почнување на одредени реформски чекори за финансиско осамостојување на Собранието, за сопствено обезбедување и рефори во собранискиот канал. Ќе се зголемат и средствата за надзорни расправи.
- Денеска Буџетскиот совет го усвои Предлог-буџетското барање за Собранието за 2019 година. За истакнување е дека буџетското проектирање на потребите на Собранието се направени согласно Статешкиот план на Собранието. Направена е распределба на буџетските средства, намалени се многу од непродуктивните трошоци на Собранието. Во делот на патните трошоци направено е намалување за една третина од трошоците од минатата година односно стапката за патни трошоци е намалена за 19 милиони и 700 илјади денари. Во оваа ставка влегуваат целокупните средства за патни трошоци за Собранието што опфаќаат и меѓународна активност за пратениците, истакна претседателката на Буџетскиот совет и потпретседателка на Собранието Фросина Ташевска Ременски.
Пратениците на седницата побараа секој од нив да има своја пратеничка канцеларија во изборните единици од каде што доаѓаат, а во Собранието личен советник.
Генералниот секретар на Собранието Цветанка Иванов кажа дека доколку пратениците сакаат лични советници ќе треба да се менува Законот за Собрание.
Таа рече дека планот за 2019 година е многу амбициозен бидејќи Собранието почнува реформи.
- За нив не само што е потебна политичка волја туку потребни е и финаниски средства, рече Иванова, која кажа дека освен со Буџетот пари за рефомите ќе бидат обезбедени и со проекти преку донатори.
Ново на Сител
-

Трамп: Проблемот во Франција не се училиштата, туку исламот кој сака да ја преземе власта
-

Неофицијално: Вечерва во Прилеп уапсен виш јавен обвинител
-

Несовесни студенти го поплавиле реновираниот студентски дом „Стив Наумов“
-

Обвинителството побара доживотен затвор за серискиот убиец од Старо Нагоричане
-

21-годишен скoпјaнeц привeден oткако со мотoцикл удрил во пoлициски службeник
-

Груби на 13 октомври излегува од куќен притвор, нуди гаранција од 335.707 евра за укинување на дополнителната мерка на претпазливост
-

Мицкоски: Починати и иселени лица примале државна помош – откриени над 4.500 фиктивни корисници
-

77-гoдишен пeшaк починал откако бил удрен со патничко возило - возачот го напуштил местото
