-->
-->
Џафери закажа продолжение на седницата на Комисијата за надворешна политика
-->
Собраниската Комисија за надворешна политика денеска сепак ќе одржи седница, но не е предвидено експозе за надворешната политика да има шефот на дипломатија Никола Димитров. Продолжението на седницата што досега беше неколкупати одложувано, го закажа претседателот на Собранието Талат Џафери наместо претседавачот на Комисијата Антонио Милошоски.
Од кабинетот на Џафери појаснуваат дека според член 120 од Деловникот за работа на Собранието е предвидено: aко претседателот на работното тело не свика седница кога е должен тоа да го стори, седницата ја свикува претседателот на Парламентот.
- Недозволиво е денешното повторно одложување на седницата на Комисијата, со образложение од претседателот на Комисијата дека пратениците согласно Деловникот се на одмор од 1 до 31 август, и дека претседателот Џафери, на средба со новинарите најавил дека од 1 август пратениците се на одмот. Член 5 од Деловникот е јасен, освен што го предвидел периодот за одмор, јасно во истиот член, став 1 потенцирал дека Собранието е во постојано заседание, бецедуваат од кабинетот на Талат Џафери.
На денешното продолжение ќе бидат претставени платформите за дипломатските активности на новите амбасадор на Македонија во Кралството Норвешка Серџим Мухамед; во Република Полска Васил Пановски; во Црна Гора Михајло Трпкоски и во Oбединетото Кралство на Велика Британија и Северна Ирска Александра Миовска, како и за завршниот извештај на амбасадорото во Израел Пајо Авировиќ.
Седницата на оваа Комисија досега беше неколкупати одложувана поради инсистирањето на Милошоски пратениците да ги добијат класифицираните материјали од две лидерски средби одржани кај претседателот на Република Македонија
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Србија не поканила делегација на Европскиот парламент да ги набљудува парламентарните избори
-

„ВИ“ ги презема рутинските задачи на пазарот на трудот, работодавачите бараат „човечки“ вештини
-

Нетанјаху им се заблагодари на Трамп и Рубио за санкциите кон МКС
-

Тинекс останува Тинекс!
-

Акциски контроли на возачи на велосипеди, мопеди, мотоцикли и електрични тротинети – констатирани 161 прекршок
-

Сообраќајка на влезот на Скопје - километарски колони на возила
-

ПЕТ центарот ќе работи и за викенд
-

Невреме со пороен дожд и засилен ветер, од понеделник пад на температурите
