Свет
29. July 2018 - 14:28

Одбележан денот на руската воена морнарица

 Денот на руската воена морнарица денеска беше одбележан во Санкт Петерсбург, каде
претседателот Владимир Путин изврши смотра на воените бродови.
 
- Руската флота успешно ја исполнува задачата да биде одбранбен потенцијал на нашата земја и со тоа дава клучен придонес во борбата против меѓународниот тероризам и игра огромна улога во обезбедувањето стратегиска еднаквост, изјави Путин, пренесе  новинската агенција ТАСС.
 
 
На парадата, која почна на реката Нева, учествуваа 40 воени бродови, 40 борбени авиони и хеликоптери и околу 4.000 морнари и војници. Мостовите на реката беа кренати за бродовите украсени со сино-белото знаме на Свети Андреј да можат да поминат низ градот.
 
Претседателот Путин додаде дека руската воена морнарица повеќе од 300 години ја брани Русија и нејзиниот статус како морнаричка сила.