Европа воведе квоти и за македонскиот челик
Европската унија не ја поштеди ниту Македонија. Воведе тарифни квоти и за македонскиот челик. Привремената заштитна мерка може да остане на сила околи 200 дена. Тоа значи дека царината од 25 отсто ќе почне да важи во оној момент кога во Европа увозот на челик ќе ги надмине зацртаните количини.
Домашните стопанственици велат дека ке се обидат на европските власти да им докажат дека македонскиот челик не е закана за нивното произвдство и дека извозот таму е значаен за македонската економија и за растот на БДП.
Алтернативни пазри за извоз наместо европскиот нема. Ако не се промени нешто ударот врз македонскиот челикот ќе се пренесе и на други сектори.
Европската унија ги воведе овие мерките како контра одговор на наметнатите царини од страна на САД.
-

Ирена Чачкова
Сите содржини од овој новинар
