Македонија
18. July 2018 - 15:01

Започнува Велешко културно лето

Со концертот на „Бенсман  Саксафон квартет“  од Германија, вечерва во 20 часот, во големата сала на Општина Велес ќе започне манифесатцијата Велешко културно лето.

На програмата се дела од: Шахов, Николовски, Бенсман, Сметана  и Пјацола.

Влезот за сите љубители на класичната музика е бесплатен, а го обезбедува покровителот на манифестацијата, Министерството за култура на Република Македонија во соработка со Општина Велес.

Велешко културно лето годинава ќе понуди повеќе разновидни  културни настани.