Потпишан Меморандум за соработка меѓу полициите на Македонија, Црна Гора, Албанија и Косово
Ефективната борба против недозволената трговија со оружје наложува постојан, приоритетен институционален и меѓудржавен ангaжман и ми претставува особено задоволство што иницијативата на Кралството Данска и Република Македонија прерасна во регионална исклучително важна иницијатива – воспоставување експертска група на земјите од Југоисточна Европа за справување со нелегалната трговија со оружје.
Ова, меѓу другото, го истакна директорот на Бирото за јавна безбедност при МВР Горанче Савовски на денешното потпишување на Меморандумот за соработка меѓу полициите на Македонија, Црна Гора, Албанија и Косово, за воспоставување експертска група за преземање мерки против недозволената трговија со оружје во ЈИЕ, како и за регулирање на начининот за заемната соработка, што се одржа во Охрид.
- Во изминативе неколку години, овој регион не е само крстопат за меѓународни канали на нелегална трговија со оружје, туку неретко и регион на потекло и крајна дестинација на нелегалното оружје. Токму во оваа насока, денешното официјализирање на воспоставувањето на експертска група за недозволена трговија со оружје ќе ги подигне на едно повисоко рамниште – превенцијата, ефикасноста, оперативноста и сорботката во справувањето со овој вид криминал, нагласи директорот Савовски.
Според Савовски, постоењето на оваа група на експерти ќе овозможи брза размена на криминалистички и разузнавачки информации, стандардизирање на начинот на собирање и обработка на статистички податоци и изготвување анализи кои се однесуваат на производство, складирање и трговија со огнено оружје и муниција. Но, истовремено ќе овозможи и развивање поефективни истражни и разузнавачки стандарди, развивање на заедничка наставна програма и организирање на заеднички обуки за полициски службеници кои работат директно на терен во насока на сузбивање на овој вид криминал. Притоа, како што нагласи првиот човек на БЈБ, функционирањето на експертската група ќе даде конкретен придонес и во зголемување на оперативната соработка и доверба и меѓу земјите во регионот, но и со земјите членки на Европската унија.
Ново на Сител
-
МВР објави оглас за вработување на 101 лице
-
Јаневска: Kомитите се дел од историјата на Македонијa, УЧК и нејзините симболи за оваа држава не значат ништo
-
Гвардиола: Сезоната е долга, имаме за што да се бориме
-
Нема да има публика на натпреварите од 17. и 18. коло во ПМФЛ
-
Поевтинуваат горивата
-
ЕХФ го казни Пелистер
-
Повеќе од 25 возила меѓу кои трудници и мали деца заглавени во Леуново | ФОТО
-
Фискалниот совет предлага зголемување на старосната година за пензионирање на 67 години