-->
-->
„Дура“ почнува со изградба на фабрика во Македонија
-->
Американската компанија „Дура аутомотив системс“ денеска во Технолошко-индустриската развојна зона кај Скопје ќе почне со изградба на производствен капацитет. Компанијата донесе одлука да го прошири своето производство во Македонија со отворање фабрика на површина од околу 16.000 метри квадратни, а според најавите, се очекува да почне со работа следното лето. Планирано е да бидат вработени околу 500 лица.
Иницијално, производството во Македонија ќе вклучува екстериерни алуминумски лајсни и кровни носачи за европските производители на автомобили.
Новата инвестиција ја најави и вицепремиерот за економски прашања Кочо Анѓушев, кој во Велес за време на викендот, изјави дека за само 10 месеци се почнати 16 инвестиции за разлика од последните седум-осум години кога се направени 20.
На поставувањето на камен-темелникот најавени се обраќања на премиерот Зоран Заев, вицепремиерот за економски прашања Кочо Анѓушев, министерот за економија Крешник Бектеши и директорот на Дирекцијата на ТИРЗ Александар Младеновски.
Фабриката во Македонија ќе биде 37-та инвестиција на „Дура“ во светот и 16-та во Европа. Компанија „Дура“, со седиште во Мичиген, е основана во 1914 година и вработува повеќе од 9.400 лица во 14 земји во светот.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

ЈО: Насилна е смртта на жената од Таор, за убиството осомничен поранешниот сопруг
-

Во Франција за неколку дена регистрирани околу 1.000 смртни случаи повеќе од вообичаеното, соопштија властите
-

Во Франција за десет дена се удавиле 74 луѓе
-

СП 2026: Меси најдобар по групната фаза
-

Приведен маж од скопско поради сомнение за сторено убиство, во врска со случајот приведени се уште три лица
-

Приведени двајца возачи затоа што возеле во спротивен правец на патот Гостивар-Тетово
-

До вторник сончево и топло, потоа променливо облачно со повремени врнежи од дожд
-

Муцунски на Дубровник форум: Постепената интеграција во Европската Унија мора да биде мост кон полноправно членство, а не трајна чекална
