„Ќе те убијам“, му викаше на љубовникот во судница: Вероника го задави својот син (8) откако ја затекна како има секс со свекорот
На Вероника Панарело, Италијанката која на крајот на ноември 2014 година со кабел го задави својот син Лорис (8), судот во Сицилија и ја потврди затворската казна од 30 години поради убиството кое ја згрози Италија.
Кога во судница и е прочитано дека затворската казна и е потврдена, бесната Панарело почнала да вика по својот љубовник и свекор, Андре Стивал: „Ти си виновен! Ќе те убијам со своите раце!“. Полицајките едвај успеаја да ја задржат и одвлечат.
Панарело го претепала, изгребала и на крајот со кабел до задавила својот син Лорис Стивал во семејната куќа во местото Санта Кроче Камерина на Сицилија затоа што детето случајно дознало за нејзината врска со неговиот дедо. Уште жив го фрлила во канал, каде рибарите го пронашле неговото тело.
Во полиција прво лажела дека отишол во училиште и не се вратил. Кога испитувањето продолжило, ја променила приказната - детето си играло со кабли и случајно починало. Конечно признала дека детето налетало н неа и својот дедо, свекорот на Вероника, Андре, додека имале секс. Наводно дедото го убил.
Во октомври 2016 година Панарело е прогласена за виновна за убиство и прикривање на телото и осудена е на 30 години затвор.
Ново на Сител
-
Кумановка измамена за 6.000 денари за набавка на огревни дрва
-
Во центарот на Куманово откриен мурал со ликот на Бобан Трајковски кој беше убиен пред 23 години кај Вејце
-
Приложил патна исправа на негов другар, Албанец уапсен на Табановце
-
Краделе велосипеди во Аеродром, приведени двајца крадци од Србија
-
Бајден за Трамп: Се натпреварувам против „шестгодишно дете“
-
Избоден млад кавадарчанец
-
Оштетиле повеќе предмети и украле пари, уапсени двајца кавадарчани
-
СПМ: Срамни се обидите на СДСМ да ги убедат граѓаните дека грешеле во првиот круг