Увид на штетите од вчерашното невреме во Ресенско
Претставници на Министерството за земјоделство и на локалните власти денеска ќе прават увид во штетите од вчерашното невреме што го зафати Ресенско.
Според првичните информации, поројниот дожд и врнежите град предизвикале најголеми штети врз земјоделските посеви во селото Јанковец, како и во делови од селата Златари и Сопотско.
Проценките ќе ги врши Комисијата формирана во мај од Општина Ресен. Рокот за нејзиното делување ќе биде продолжен и дефиниран денеска, зависно од штетите и зафатената површина.
По завршување на проценката, ќе следува постапка за обесштетување.
Деновиве невреме имаше и во повеќе населени места во општините Струмица и Босилово, како и во Могила. Од врнежите град и поројниот дожд во Струмичко најпогодени беа пиперот и пченицата, но предизвикана беше и материјална штета на објекти и на приватен имот, додека во Могила најмногу настрада тутунот, а најголеми штети, според првичните проценки, има во селата Вашарејца, Долно Српци, Бернаци и Ивањевци.
Ново на Сител
-
Николовски – Агелер: Извонредни резултати на Царинската управа во сузбивање на криминалот и прибирање повисоки приходи во Буџетот
-
Пригоден поштенски жиг за Меѓународниот ден на жената по повод 30-годишниот јубилеј од Пекиншката декларација
-
Најмалку 14 лица загинаа, а 37 се повредени ноќеска во руски напади во источна Украина и Харков
-
Товарен брод удри во танкер закотвен во Истанбул
-
ЈОРСМ: Две лица се обиделе да изнудат пари од скопски стоматолог
-
Најниска температура измерена во Берово - 6 степени, дневната во земјава ќе се движи од 17 до 23 степени
-
ЕХФ недела: Македонија поразена од Србија
-
Футсал репрезентацијата на Македонија загуби со 3:0 од Холандија