Уништени 60.809 килограми небезбедна храна од животинско потекло од почетокот на годинава
Уништени се 60.809 килограми небезбедна храна од животинско потекло (месо, производи од месо и од млеко, риби, мед и јајца) од почетокот на годинава до крајот на минатиот месец. Од тие количини, инспекциските служби на Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ), во рамки на планираните официјални контроли и вонредните инспекциски надзори поништиле 17.141 килограми небезбедна храна, соопшти денеска АХВ.
Поголем дел, или 43.668 килограми небезбедна храна, уништиле оператори врз основа на воспоставени внатрешни контролни системи за безбедност на храната - (HACCP). Од уништената небезбедна храна од вкупно уништените количини, 59.298 килограми се од домашно производство, а остатокот од увоз.
- Врз основа на законските надлежности и воспоставениот интегриран систем на контрола, Агенцијата за храна и ветеринарство врши постојан надзор над операторите со храна во поглед на исполнување на општите и посебните услови за безбедност на храната и за заштита на правата на потрошувачите, наведуваат од АХВ.
Недоследности во поглед на безбедноста на храната граѓаните може да пријават во Агенцијата за храна и ветеринарство на бесплатната телефонска линија за потрошувачите 0800 3 22 22, лично, или електронски на info@fva.gov.mk.
Ново на Сител
-
Силен земјотрес регистриран во западниот дел од Турција
-
Нетанјаху: Целта на Израел не е да ја окупира Газа, туку да ја ослободи од Хамас
-
Четири пациенти со тешки повреди примени на хируршките клиники во Скопје, по вооружена пресметка во Тетово
-
Вeнс: Се одредува датумот на средбата меѓу Путин и Зеленски за завршување на војната
-
Едно лице е убиено во напад со автоматска пушка во Тетово
-
Началникот од Демир Хисар ќе биде разрешен
-
Таксист од Гевгелија нападнат и ограбен од двајца патници
-
Скопјанец прегазил две 80-годишни жени на крстосница