Живот
6. July 2018 - 9:22

Ранец на ужасот: Среќа што погледна во него пред да ја пикне раката, инаку детето ќе беше мртво!

Тинејџер во Индија бил фрапиран кога пронашол кобра во ранецот на патот од дома до училиште.

Ученик во 9. одделение во државното училиште во Камараџанагар, град во округот Кришнагири во државата Тамил Наду, тргна во понеделникот во училиште без ништо да посомнева, пренесува Тајмс оф Индиа.

Погледнал во својата торба и требало да земе некои книги, но останал шокиран кога ја пронашол змијата внатре. Веднаш ја фрлил торбата, а младата кобра исползи на слобода.

Лице од училиштето рече дека детето било среќно што не ја ставило раката во торба пред да погледне внатре.

Се верува дека змијата влегла во торбата во текот на викендот, а детето не ја отворило од кога во петокот си дошол од училиште.

Кобрите се отровни змии кои напаѓаат мали животни како гуштери, жаби, птици, стаорци и други змии.

Според индиското друштво за тропска медицина и хигиена, секоја година од каснување на змија умираат околу 46.000 луѓе во Индија.