Денеска паѓа одлуката за Роналдо

Спорт
Роналдо ефект: Реал на „итен состанок“, акциите на Јуве раснат, Моџи: Па тој веќе потпишал!
Мадрид е на нозе, а уште повеќе Торино. Кристијано Роналдо е пред финализирање на трансферот во Јувентус, тврдат италијанските и шпанските медиуми.
Претседателот на Реал, Флорентино Перез побарал итен состанок со агентот на Португалецот, Жорге Мендеш, …
Објавено пред
11 час
Од

Мадрид е на нозе, а уште повеќе Торино. Кристијано Роналдо е пред финализирање на трансферот во Јувентус, тврдат италијанските и шпанските медиуми.
Претседателот на Реал, Флорентино Перез побарал итен состанок со агентот на Португалецот, Жорге Мендеш, но „Марка“, весникот кој добро ги познава околностите во шпанскиот гигант, тврди дека е многу тешко тој да остане играч на „Лос бланкос“.
Состанокот во четврток наутро би требало да биде одлучувачки за иднината, а Перез сака што побргу да заврши „сагата“ и да не се „влече“ цело лето. Според „Марка“, парите не се главен проблем, туку мислењето на Роналдо дека не е посакуван во Мадрид.
Во исто време, во Торино „тријат раце“. По шпекулациите за доаѓањето на Роналдо, акциите на Јувентус за еден ден пораснаа за 5.89 отсто, откако во вторникот пораснаа за 3.2 отсто. Покрај јасното засилување на тимот, овој трансфер би имал огромно значење за финансиите на богатиот клуб од северна Италија, така што тие без проблем би му ги понудиле потребните 30 милиони евра по сезона.
Поранешниот претседател на Јувентус, Лучано Моџи, кој беше еден од најскептичните италијански експерти за трансферот на Роналдо, сега го смени мислењето и вели дека Роналдо „веќе потпишал по физичкиот преглед во Минхен“.
„Според мене, работата е веќе завршена“, напиша Моџи на Твитер.
Сегашниот директор на Јувентус, Бепе Марота кога беше „начекан“ со прашањето за Роналдо не сакаше да даде коментар.
Ново на Сител
-

Орбан: Можен договор меѓу САД и Русија без Европа би можел да ја промени геополитичката слика
-

Дваесет и една препорака на ИЈЗ за претстојните празници во врска со прејадување, алкохол и користење пиротехника
-

Ердоган: Турција нема да толерира провокации и поморски закани во Источен Медитеран
-

Си Џинпинг во новогодишната порака го пофали напредокот на Кина и навести потенцијално присоединување на Тајван
-

Путин уверен во победата во Украина во својата новогодишна порака
-

Андоновски: Во 2025-та испорачавме, а во 2026-та ја забрзуваме дигиталната траснформација на Македонија
-

Сиљановска Давкова ги посети децата на детските клиники во Скопје
-

Повеќе од 24 часа во целосен прекин сообраќајот Струга – граничен премин „Ќафасан“
