Премиера на филмот „Збор“ на Слободан Деспотовски
Во киното „Милениум“ утревечер од 20 часот премиерно ќе биде прикажан филмот „Збор“ на „СД Продукција“, снимен по сценарио и во режија на Слободан Деспотовски и со поддршка на Агенцијата за филм на РМ и Македонската радиотелевизија.
- Филмот раскажува приказна за двајца пријатели: Горди – кој го почитува законот и кој сака да се обезбеди за староста што доаѓа но и да ја обезбеди иднината на неговата ќерка Александра, и Арно – некогашен легионер, човек без вера ни закон. Приказната открива дека Горди не го почитува законот и дека Арно, сепак, има еден закон – дадениот збор, кој ќе го почитува на свој, крвав, начин, соопшти продукцијата.
Во актерската екипа се Сенко Велинов, Диме Илиев, Игор Стојчески, Ана Стојановска, Ванчо Петрушевски, Илбер Муртези, Гораст Цветковски, Катерина Шехтанска, Роберт Велјановски..
По утрешната премиера, филмот „Збор“ од 30 октомври ќе биде на редовниот репертоар на киното „Милениум’, а од наредната недела ќе биде прикажан и на репертоарот на кината во повеќе градови во Македонија.
Ново на Сител
-
Расчистено убиството во Батинци, се трага по едно лице
-
Поради пожар затворен за сообраќај автопатот од наплатна рампа Миладиновци до клучка Бунарџик, во двата правца
-
ЦУК: Неколку пожари во Куманово и Старо Нагоричане
-
ЦУК: Поради ветер кој го зафати подрчјето на Куманово и Скопје на повеќе локации од искрење на жици предизвикни се пожари
-
Поранешниот претседател на Албанија, Илир Мета, останува во затворски притвор
-
Регрут од украинската армија уби двајца свои инструктори
-
Уапсен еден од соучесниците за убиството во Батинци
-
Владата обезбедува прочистувачи на воздух за 49 општини