Развод за 14 минути: Мустафа е должен на Емина Јаховиќ да ѝ купи куќа или стан од 250.000 евра
Некогаш популарниот и љубовен пар, поп-ѕвезда Емина Јаховиќ и Мустафа Сандал, ставија точка на деценискиот брак.
Она што најмногу ги интересира медиумите во регионот е кој и колку ќе заработи од разводот.
Како што соопштуваат турските медиуми извор близок до двојката, двајцата се согласија старателството над децата, девет годишниот Јаман и шест годишниот Јавуз, припаднат на мајката, додека таткото ќе може да ги гледа во договорено време. Се додека биде сама, Емина ќе добие месечен надомест за себе од неполни 3.000 евра, а ако повторно влезе во брак, ќе го изгуби правото на него. И тоа ќе биде најважната последица од крајот на оваа голема љубов.
Според другата, поинтересна финансиска сметка, разводот со Емина, Мустафа ќе го чини околу 12.000.000 евра.
На Емина и припаѓаат две третини од прекрасната вила која се наоѓа во богатата област Бејкоз во Истанбул, која ја градеа пет години. Целиот мебел е дизајниран од страна на тимот од „Армани“, а само во бањата се инвестираше 100.000 евра, како мијалници, кади, џакузи кои се рачно изработени.
Ако ја продадат оваа градба, а проценката е дека цената нема да биде помала од три милиони евра, Емина ќе добие две, но таа ќе мора од тие пари да одземе 50.000 евра за да плаќа за школарината на своите деца. Во рок од четири години, Мустафа е должен да ѝ купи куќа или стан во Србија во вредност од 250.000 евра. Исто така, тој е обврзан да и обезбеди автомобил во вредност од 50.000 евра, без разлика дали ќе ја купи или ќе ја изнајмува.
Како брачната финансиска сметка е и јахтата, која Емина ќе може да ја користи три месеци во годината.
Мустафа во име на алиментацијата на своите синови ќе мора да плати помалку од 2.000 евра месечно, а годишно за нивниот одмор ќе мора да одвои околу 10.000 евра. Една од предметите беше и куќата за убавина на Емина, односно потенцијалниот приход што таа би можела да го заработи во иднина.
Посебната клаузула наведува дека ова нема да ја намали месечната алиментација што таа и нејзините деца ќе ги добива од Мустафа.
И двајцата изјавиле дека по разводот ќе останат пријатели.
Ново на Сител
-

Рубио: Притисокот на САД врз сојузниците во НАТО да вложуваат повеќе во одбраната не е непријателска работа
-

Трамп: Секој што го користи терминот вештачка интелигенција е „непријател“
-

Алармантни бројки од Онкологија: Лани откриени 1.000 нови случаи на рак на дојка, 7.000 заболени се на активен третман
-

Муцунски: Добрососедските односи се суштински за европска интеграција, Коридорот 8 овозможува тој принцип да се оствари
-

Жена нападната и расечена со остар предмет од партнерот во Скопје
-

Кривична за угостител од Дебар, послужил алкохол на малолетник кој подоцна физички нападнал свој врсник
-

Повторно искршено детско игралиште во Кисела Вода: „Неколку пати се поправаше, сè е за ништо“
-

Кај 43-годишник од скопско пронајдени пушка, пиштол, муниција и шприцови со масло од канабис
