Кинотека на Македонија меѓу најдобрите арт кина во Европа
Кинотека на Македонија е прогласена за едно од најдобрите арт кина во Европа според блогот Spotted by locals.
На блогот се објавени водичи за 71 град креирани од локални жители кои пишуваат за нивните омилени места во градот. Основачите на блогот ги посетуваат сите градови и лично ги запознаваат локалците кои пишуваат за блогот и ги посетуваат локациите препорачани од нив.
- Скопје има прекрасно арт-кино во кое се чувствувате како во Музеј на филмот. Кинотеката главно се фокусира на независниот филм и документарци. Речиси секој месец се одржуваат ретроспективи и филмски ревии посветени на филмови од одредена земја. Кинотеката е посветена на презентирање на суштинската филмска уметност, стои во статијата на блогот за Кинотеката чиј автор е Бојана Трајковска.
Останатите Европски арт - кина може да се видат на http://www.spottedbylocals.
Ново на Сител
-
Најмалку 21 лице загина чекајќи хуманитарна помош во Газа
-
Трамп: Голем напредок околу Русија, следете!
-
Европски лидери се придружуваат на Зеленски за средбата со Трамп во Вашингтон
-
Пожари во Црна Гора - критична состојба во Пипери и околните општини
-
Мерц со критика за самитот Трамп - Путин: Помалку ќе беше повеќе
-
Земјотрес од 6 степени во централна Индонезија, најмалку 29 повредени
-
По вчерашните немири во Србија, повредени шест полицајци, приведени 56 лица
-
ЦУК: 10 пожари на отворен простор, шест активни и еден под контрола