-->
-->
Две момчиња повредени откако со автомобил удриле во ограда на бензинска
-->

Две момчиња се повредени ноќеска откако со автомобил удриле во заштитната ограда од бензинска пумпа и се превртеле на магистралниот пат Градско - Прилеп.
Како што е наведено во полицискиот билтен, ноќеска околу 01:30 часот на магистралниот пат Градско - Прилеп патнички автомобил марка „Фолксваген голф“ со велешки регистарски ознаки, управуван од Љ.Т.(19) од населбата Градско удрил во заштитната ограда од бензинска пумпа и се превртел на патот.
Во незгодата со повреди се здобил сопатникот Ѓ.Ѓ.(18) од Росоман кој бил пренесен и задржан на лекување во Јавната здравствена установа Општа болница Кавадарци.
Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од Полициската станица Кавадарци.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Армијата на Кувајт се соочува со нови напади
-

Трамп: Куба ќе падне
-

Муцунски: Успешно завршена евакуацијата на македонските граѓани од Израел
-

СЗО потврди 13 напади врз здравствената инфраструктура во Иран, четворица убиени
-

Папата Лав Четиринаесетти ги повикува светските лидери да се откажат од војната
-

Трамп: Морам да учествувам во изборот на новиот ајатолах
-

ЦУК: Пријавено палење кабли во Маџари, испратени пожарникари и полиција
-

Водата во Струга не е исправна за пиење, покажале последните анализи на ИЈЗ
