Азиска премиера на „Бикини Мун“ во Шангај

Филмот „Бикини Мун“ на Милчо Манчевски изминатиот викенд имаше азиска премиера на Филмскиот фестивал во Шангај, Кина, кој е меѓу најголемите фестивали во Азија. Премиерата на петтиот игран филм на Манчевски беше во селекцијата „Ново од авторите“.
- Режисерот Манчевски беше присутен во Шангај за премиерата по која имаше разговор со публиката. Како специјален гостин, на затворањето на фестивалот учествуваше и во врачувањето на наградата за најдобро филмско деби. „Бикини Мун“ пред публиката го претстави менаџерот на Шангајскиот фестивал Мао Лијун, кој како критичар прв пишувал за филмовите на Манчевски уште од „Пред дождот“, соопшти продукцијата „Банана филм“. По повод премиерата на „Бикини Мун“ кинеската телевизија снимила и емисија за Манчевски.
Филмовите на Манчевски се популарни во Кина и се предаваат на универзитетите во Пекинг, Шангај и Чонкинг, а со „Пред дождот“ студентите учат за филмска структура. Минатата година творештвото на Манчевски беше претставено на гостување во Шангај што, наведува „Банана филм“, беше и прво сеопфатно претставување на македонски уметник во Азија воопшто.
На ланското јубилејно 20-то издание на фестивалот во Шангај имаше ретроспектива на филмовите на Манчевски, а тој беше и во жирито за главната фестивалска награда. Тој одржа и мастерклас при универзитетот во Шангај, а имаше изложба фотографии и беше промовирана негова книга со фотографии и есеи што е објавена во Кина.
Ново на Сител
-

Уапсен 26-годишен скопјанец кој се обидел да изнуди 8.000 евра од 61-годишник
-

Жена се породила во двор во Конче, новороденчето без знаци на живот донесено во болницата во Штип
-

Приведен 19-годишник кој крадел алкохол од маркет
-

Прегазена 92-годишна жена во Скопје
-

Кривична за маж од гостиварско за демнење на 15-годишно девојче
-

Потврдена епидемија на ебола во ДР Конго
-

Тошковски: Загрижува растот на семејното насилство, но посветени сме за најдобар одговор којшто може да го даде МВР
-

Мицкоски: Реформите се доказ дали сте за Европа, не е само Бугари во Уставот
