Владее енергијата на Полната Месечина: Овој ритуал со пари може да ви донесе богатство!

Месечината е небесно тело најблиску до Земјата и затоа неговото влијание врз нас е најсилно. Сите знаеме дека влијае на плимата и осеката, па помислете што може да му направи на човечкиот организам кој содржи 72 отсто вода.
Месечината има најсилно влијание кога е во фаза, односно кога е млада или полна.
Полната Месечина претставува астролошка опозиција на Сонцето и Месечината, односно период кога Месечината прима најмногу светлина од Сонцето.
Тогаш може да се види како блеска Месечината во полн сјај на ноќното небо.
Таа светлина е чиста енергија.
Се станува посилно на Полна Месечина. Ако сме во хармонија сами со себе Полната месечина ќе ни донесе многу позитивни вибрации - Вселената секогаш го рефлектира она што го носиме внатре во нас.
Иако поради својата сила на здравствен план на многумина ќе им создаде нерамнотежа и несонца, за финансиите оваа енергија е драгоцена.
Поради тоа се вели да „внимавате“ за што размислувате во текот на тој ден - може да ви се оствари.
Полната Месечина може да ви донесе многу позитивни резултати ако користиме афирмации, молитиви, медитација, па дури и процес на исцелување.
Секоја енергија во Вселената може да ја искористиме или на конструктивен или на деструктивен начин, зависи од нас.
Еве како да ја искористиме таа енергија за привлекување на пари...
Ритуал со банкнота
Наједноставен ритуал е да земете една банкнота ( по можност црвена)
Кренете ја раката и со неа мафтајте неколку секунди или минути (зависно од чувството) кон Месечината додека се концентрирано визуализирате и чувствувате како парите ви се множат.
Таа банкнота потоа ставете ја во паричникот да преноќи.
Следниот ден потрошете ја.
Слично на ова, кога Месечинат е во фаза на опаѓање, гледајте во Месечината и визуализирајте како вашите проблеми исчезнуваат, опаѓаат.
Моќта на верата, чувствата, афирмациите и визуализациите, односно алатките на законот за привлекување здружени со огромната природна енергија на Месечината е комбинација која навистина делува.
Пробајте!
Ново на Сител
-

Тешко повредено осумгодишно момче откако со детски мотор удрило во паркирана приколка
-

16-годишник ненамерно го повредил другарот со нож, па сам се пријавил во полиција
-

Буџетот оштетен за 4,5 милиони денари - финансиска полиција поднесе кривична за даночно затајување
-

Охридското Езеро најубаво во Европа – пред Комо, делото на Гауди и норвешките фјордови според „Time Out“
-

Скопјанец осомничен за две кражби на пригушници од железничка пруга
-

Во тек е исплатата на правата од социјална и детска заштита
-

Герасимовски: Отворен јавен повик за лични асистенти на ученици со посебни образовни потреби
-

МВР: Лицето кое го влечат на снимката од Битола не е 39-годишникот пронајден мртов пред болницата
