Бизнис
23. јуни 2018 - 18:08

ДЗС: За една година просечната месечна бруто-плата зголемена за 5,5 отсто

Според податоците на Државниот завод за статистика, просечната месечна исплатена бруто-плата по вработен во април годинава во однос на април 2017 година е повисока за 5,5 отсто. 

Ваквото зголемување, како што се наведува, се должи пред сѐ на зголемувањето на просечната месечна исплатена бруто-плата по вработен во секторите рударство и вадење камен (32,1 отсто), преработувачка индустрија (13,1 отсто) и објекти за сместување и сервисни дејности со храна (11,3 отсто).

Зголемување на просечната месечна исплатена бруто-плата по вработен, во однос на претходниот месец е забележано во секторите рударство и вадење камен (13,3 отсто), административни и помошни услужни дејности (4,1 отсто) и трговија на големо и трговија на мало; поправка на моторни возила и мотоцикли (3,5 отсто).

Просечната месечна исплатена бруто-плата по вработен во април годинава изнесува 35.117 денари.