Македонија домаќин на Европско првенство во атлетско планинско трчање

Агенцијата за млади и спорт во соработка со Атлетската федерација и градот Скопје се главните виновници за одржување на атлетски меѓународен настан од Европски ранг.
Станува збор за Европско првенство во планинско трчање во сениорска и младинска конкуренција , поединечно и екипно, мажи и жени, закажано за 1-ви Јули на Средно Водно.
По тој повод, во Агенцијата за млади и спорт се одржа прес конференција со присуство на директорот на АМС Дарко Каевски, претседателот на атлетска федерација на Македонија Крсто Серафимовски, како и македонската маратонка Весна Кираџиева.
-Ова е голема чест за Агенцијата за млади и спорт, но пред се на Атлетската федерација на Македонија, меѓутоа и обврска и голема одговорност. Ова Европско првенство претставува можност за докажување за добра организација, и со тоа трасирање на патот за добивање и на следни Европски првенства каде што и имаме интерес а тоа е пред се Европско екипно првенство во 2019 година.
Бенифитети од оваа манифестација се големи, пред се се мисли на омасовување на атлетскиот спорт, посебно на планинското трчање , убавините и можностите кои ги поседува планината Водно, и секако промоција на Скопје и Република Македонија.
Агенцијата за млади и спорт останува на заложбата на подигање на атлетиката како базичен спорт на повисоко ниво, истакна Каевски.
-Масовноста на Европското првенство во планинско трчање со учество на 28 држави со преку 250 натпреварувачи е главен показател на популарноста на планинското трчање во Европа и пошироко, истакна претседателот на АФМ. Квалитетот е видлив од самиот податок што учествуваат атлетичари од Италија, Турција, Хрватска, Чешка, Словенија, Велика Британија, кои се водечки држави кога е во прашање планинското трчање и атлетиката.
Повик до сите вљубеници на атлетиката и спортот воопшто, како и планината Водно испрати нашата најдобра учесничка, маратонката Кираџиева, потенцирајќи дека на стартот на првенството закажан за 01.07 на средно Водно, ќе претстои дефиле на сите учесници претходната вечер, 30.06 на плоштад Македонија.
Македонија за прв пат доби доверба да организира Европско атлетско првенство во Планинско трчање во Скопје.
Ново на Сител
-

Централен одбор на ДУИ: Избрани нови претседатели на локални ограноци, Арта Биљали Зендели нов портпарол
-

Без вода утре дел од улицата „Наум Наумовски Борче“ во Центар
-

Изречени казни кон правни лица - загадувачи во Скопје, објави градоначалникот Ѓорѓиевски
-

Почина Васил Рингов
-

Двојно зголемени казни за модуларната во Тетово
-

Мицотакис за протестите на земјоделците: Нема да подлегнеме на уцени од оние кои бараат, а не се подготвени на дијалог
-

Сиљановска - Давкова: Ако има решение за Украина и Молдавија, лесно ќе се најде и за нас
-

Кривична пријава за злоупотреба на службена положба во кошаркарски клуб Куманово
