Полициска акција во Куманово - полицијата пронајде цел арсенал оружје
Македонската полиција утринава тресеше низ неколку локации во Куманово. Како што информираат од МВР, утринава во 05.30 часот, врз основ на судска наредба, полициски службеници од СВР Куманово извршија претрес на неколку локации во Черкеско село, кумановско. Притоа, во домот на Б.И. (38) биле пронајдени и одземени една автоматска пушка и две рамки со 45 куршуми. Додека, во домот на Н.Б. (58) биле пронајдени и одземени еден пиштол непозната марка калибар 7,62 мм со рамка со осум куршуми, пиштол „Смит Венсон“ со рамка со осум куршуми, пиштол „Пат Енгл“ со рамка со шест куршуми, една рамка со осум куршуми калибар 7,62 мм и една ловна пушка „Бајкал“ калибар 12х76 со четири патрони.
По целосно расчистување и документирање на случајот, против Б.Н. и Н.Б. ќе биде поднесена кривична пријава поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „недозволено изработување, држење и тргување со оружје или распрскувачки материи“, казниво по член 396 од Кривичниот законик на Република Македонија
Ново на Сител
-

Сомнеж за труење со храна во ТИРЗ Штип, вработени побарале лекарска помош
-

НАСА на 9 јуни ќе го претстави екипажот за „Артемис 3“
-

Одредени селекторите на македонските младински кошаркарски репрезентации
-

Стабилно и посвежо време до сабота, од недела повторно пораст на температурите
-

Ристески: Потрошувачката кошничка е готова, очекуваме позитивни сигнали од ЕСС
-

Околу 22 илјади ќе бидат мобилизирани во Франција на денот на финалето на Лигата на шампионите
-

МВР воведува кодекс: Без тесни и куси здолништа, гол стомак, шорцеви, влечки, при вадење лични документи
-

Спотифај воведе нова опција
