Договорена соработка меѓу Гевгелија и Радече од Словенија
Бизнис соработката меѓу најпознатата словенечка компанија за хартија, од која се изработуваат банкноти и амбалажа за гевгелиската фирма „Жито Пром“ ќе биде унапредена со соработката меѓу општините Гевгелија и Радече која неодамна беше договорена на средбата во Гевгелија од страна на градоначалниците Сашо Поцков и Томаш Режун.
- Разменивме мислења околу идната соработка која во прв ред би се одвивала во поглед на поголема икористеност на средства од европските фондови. Големи се искуствата на општина Радече во искористувањето на средства и имплементацијата на проектите од ЕУ фондовите и во таа насока веќе договоривме средби за конкретизирање и дефинирање на идната соработка, рече гевгелискиот градоначалник Сашо Поцков.
Поцков уште потврди дека е договорено во најскоро време да бидат подготвени и потпишани меморандумите за соработка меѓу двете општини.
- Општина Радече има посебен сектор за ЕУ проекти и инвестиции како и посебно претпријатие за имплементација на проектите со финансиска подршка од ЕУ. Заинтересирани сме дел од овие фондови да насочиме кон Гевгелија и да помогнеме во нивното аплицирање и имплементирање затоа што постојат можности за реализација на проекти од повеќе области,истакна Томаш Режун, градоначалник на општина Радече од Словенија.
Ново на Сител
-
Собранието ја отфрли интерпелацијата за Изет Меџити
-
Град Скопје најавува кривична пријава за Курто Дудуш поради дива депонија
-
На ГП "Ќафасан" албанската полиција спречи шверц на лекови
-
Помина интерпелацијата за Даути во Собранието
-
Над девет милиони шверцувани цигари откриени на атинското пристаниште Пиреас
-
Безживотно женско тело извадено од водите на Вардар
-
Захарова: Зеленски се покажа како крволочно чудовиште
-
Кремљ: Путин е подготвен за разговори со Трамп