Спасовски: Да ја вратиме довербата на граѓаните во полицијата
Враќањето на довербата на граѓаните во полицијата треба да започне со враќањето на врската помеѓу локалната самоуправа и централната власт, особено со МВР. Оваа порака денеска ја упати министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, кој ја посети општина Гостивар.
Придружуван од заменик-министерот Агим Нухиу и повеќемина соработници, Спасовски имаше работна средба со градоначалникот на општина Гостивар Арбен Таравари. Тема на разговорите меѓу другото биле и формирање заедничко тело во кое би биле вклучени полицијата, јавното обвинителство и локалната самоуправа чија цел би било превенција од проблеми и безбедноста во сообраќајот во летниот период во градежната сезона.
- Постојано има настани, како во Гостивар, така и во други градови и целата земја и во тој правец е важно да немаме селективност и да сме ефикасни. Целта на тоа е да се даде јасен одговор до секого, дека мора да ги почитува законите во Република Македонија и на никого не смее да ја загрозува безбедноста на други граѓанин. Директните разговори на маса се покорисни отколку преку медиуми и социјални мрежи. Јас би сакал да ја тргнеме политиката од полицијата, таму треба да се работи професионално, рече Спасовски.
Тој рече дека комуникацијата помеѓу полицијата и локаланите власти не била на потребното ниво и оти тоа во иднина треба да биде надминато.
За министерот Спасовски е важно да се активираат и советите за превенција затоа што, како што нагласи, тоа е голема важност за подигање на јавната свест за превентивното делување.
Градоначалникот Арбен Таравари по средбата изјави дека ова е прва официјална посета на министер на општина Гостивар.
- Зборуваме општо за проблемите кои се на подрачјето. Го информирав и за случајот со напад на двајца вработени во гимназијата и заканите кои беа упатени кон мене. Зборуваме и за подобрување на комуникацијата помеѓу полицијата и локалната власт и дека министерот може да помогне во тој правец, рече Таравари.
Спасовски во придружба на заменик-министерот Агим Нухиу претходно имаше средба со раководството на полициската станица и се запозна со актуелната состојба. Посетата на Гостивар, тој ја искористи за директни и неформални средби и разговори со граѓаните додека пеш се движеше кон зградата на општина Гостивар.
Ново на Сител
-
Сведоштва на преживеани во трагедијата во Кочани
-
Пронајден е Андреј од ДНК
-
Татко си ја бара втората ќерка по трагедијата во Кочани, едната ја нашол
-
Панчо од ДНК со изгореници и на кислородна поддршка
-
Сиљановска Давкова: Ова е страшно, никогаш да не се повтори!
-
МЗ: 152 пациенти се хоспитализирани во здравствените установи, 18 се во критична состојба
-
На 14 до 25 години се загинатите во пожарот во Кочани
-
Таравари: Во моментот 118 лица згрижени низ болниците во државата, понудена помош од соседните земји