Чистење на отворените одводни канали во oпштина Илинден
Во рамки на реализацијата на Проектот за чистење, нивелирање и одржување на отворените одводни канали, со цел да се обезбеди проточност на каналската мрежа, oпштина Илинден во координација со ЈП Водостопанство „Скопско поле“ континуирано ги чисти отворените одводни канали што се наоѓаат на нејзина територија.
Во рамките на реализацијата на Акцискиот план за чистење на каналската мрежа за годинава од страна на ЈП Водостoпанство „Скопско Поле“ деновиве е извршено рачно чистење на Главен канал-Горна зона во н.м.Марино со отстранување на наносниот материјал во должина од 500 метри и рачно чистење на секундарен канал Азмак во н.м. Кадино и н.м.Марино, во должина од 1.500 метри, соопшти општина Илинден.
Од страна на ЈКП „Илинден“ извршено е рачно чистење на сисавец на Главен канал во локалната економска зона Марино-Кадино, во должина од 1.200 метри. Од почетокот на годината досега е извршено машинско и рачно чистење на отворените одводни канали во должина од 27.500 метри.
Од општината информираат дека редовното чистење, нивелирање и одржување на отворените одводни канали за зафаќање и одведување на атмосферските води останува еден од нивните приоритети. Со редовното одржување на каналската мрежа се овозможува непречен проток на атмосферските води, се спречува настанувањето на поплави и се обезбедува чиста животна средина која е еден од условите за квалитетен живот на населението, стои во соопштението.
Ново на Сител
-
Галичник недостапен за новогодишните празници, снегот од патот неисчистен
-
Пандев спортски директор на националните селекции, Најдоски и Ибраими советници на Омерагиќ
-
Десетици илјади на протести во Белград и во Ниш
-
Без струја утре делови од Аеродром, Сарај и Кисела Вода
-
Традицијата продолжува, блесна новогодишната елка под вода
-
Заплена и апсење за пиротехника
-
Германските имиграциски власти предупредувале за осомничениот од Магдебург
-
По 24 пат накитена новогодишната елка во водите на Охридското Езеро