Тргна по стапките на Цеца: Анастасија првата песна ја сними во Скопје, сама го напиша текстот, а Дарко Димитров музиката
Од нејзиното раѓање до денес најмалку 100 пати и е поставено новинарско прашање, како на неа, така и на нејзината мајка, со што Анастасија Ражнатовиќ ќе се занимава во животот. И дефинитивно дојде време да одлучи, па така рече „да“ на професионалното занимавање со музика.
Реализацијата на оваа желба ќе биде остварена до крајот на јуни, кога ќе биде објавен првиот музички сингл на Анастасија Ражнатовиќ. Музиката и аранжманот ги потпишува македонскиот хитмејкер Дарко Димитров, а текстот самата Анастасија и со него ќе заплови во музичките води.
Имено, својата прва песна, младата поп пејачка ја снимила на 16. мај во Скопје, а песната треба да навести во кој музички правец ќе се движи нејзината кариера. И самата е свесна дека пред неа е голем музички предизвик, дека се неминовни споредувањата, како и дека ја чека борба за да го добие своето место на српската музичка сцена.
„Мораше да помине одредено времеи да се стекнат сите услови за објавување на мојата прва песна, а пред се морав да бидам сигурна дека сакам да се впуштам во она што со години го сакав. Горда сум што некои настани во животот успеав да ги преточам во песна, а сега е на публиката да одлучи како им се допаѓа, а јас сум нестрплива“, изјави Анастасија по тој повод.
Ново на Сител
-
МВР: Полициски службеници спасија повредено лице на Шар Планина | ВИДЕО
-
Трамп, Венс и 100 илјади луѓе ќе присуствуваат на комеморацијата за Чарли Кирк
-
ЦУК: Спасувачка акција на повредено лице над Горно Јеловце
-
ДЗС: Под целосна контрола пожарот во близина на Скопскиот аквадукт
-
ЦУК: Локализиран пожарот што избувна во местото Аквадукт
-
Велика Британија, Канада и Австралија ја признаа Палестина како суверена држава
-
Нетанјаху: Формирањето палестинска држава го загрозува постоењето на Израел
-
Талибанците го одбија барањето на Трамп за враќање на воената база Баграм во Авганистан