Османи за МИА: Важно е да се задржи довербата меѓу Скопје и Атина
Вицепремиерот задолжен за европски прашања Бујар Османи во интервју за МИА нагласува дека е важно да се задржи довербата меѓу Македонија и Грција во процесот на преговори за решавање на спорот за името.
-Лично сум оптимист. Последните метри од секоја трка се најтешки. Тука се разликуваат лидерите од другите. Треба да се издржи овој последен период од маратанот и да заврши позитивно. Тоа ќе ја одблокира целата држава, вели Османи одговарајќи на прашањето што и порачал на високата претсавничка на ЕУ Федерика Могерини за време на денешната средба во Брисел.
Нагласи дека ја информирал за развојот на преговорите, во како што рече, последните часови меѓу двете страни, за напредокот меѓутоа и за разликите кои се уште постојат и дека е потребно секој добронамерен да помогне да се надминат овие разлики во позитивна атмосфера, во овој процес на меѓусебна доверба.
На прашањето дали процесот е заглавен Османи истакна дека не може да навлегува во детали, поради сензитивноста на прашањето.
Во врска со тоа дали има ризик да се загуби довербата, вели оти нема такви индиции.
- Немам такви индиции, но од искуство и поука од тешки процеси, последните метри се најисцрпувачки дури и на психолошки план, треба да останеме фокусирани, во меѓусебна доверба и така да стигнеме до крајот, рече Османи.
Во врска со заклучоците од идниот Самит на ЕУ, каде Македонија очекува старт на преговор, вели дека генерално се позитивни, но напомена дека не се финални.
- Ќе има уште „инпути“, одлуката за преговори се носи директно на Самитот. Но проценката и оценката за состојбата во државата, а мислам дека и моето обраќање беше навремено и им ја пренесов важноста на одлуката која ќе се донесе месецов, ќе биде судбоносна за иднината на државата, ентиузијазмот што го имаме кон институциите на ЕУ, изјави Османи.
Според него, доколку успееме да го затвориме прашањето со името ќе имаме силна платформа да ги убедиме сите за датум за почеток на преговори и оние земји, како Франција и Холандија, кои во моментов не го поддржуваат процесот на проширување.
Додаде дека позициите за Македонија во ЕУ ќе бидат многу потешки ако не се реши името.
Тој во Брисел го презентираше Планот 18, а во интервјуто за МИА вели дека нагласил дека реформите за државата не биле некој ад-хок процес, туку аргументирал оти неколку дена по препораката бил најдинамичниот период за усвојување на реформите.
- Значи дека ние сме посветени за одржлив е неповратлив процес на реформи. Соодветниот чекор после 369 ќе беше отворање на поглавјата 23, 24 меѓутоа за да не ризикуваме да има дупка помеѓу планот 369 и отворањето преговори го лансираме Планот 18, кој ги има истите столбови како 369 - судство, администрацијата, безбедносни служби, нагласи вицепремиерот.
Целосното интервју со вицепремиерот Бујар Османи, МИА ќе го објави утре.
Ново на Сител
-
Силен земјотрес регистриран во западниот дел од Турција
-
Нетанјаху: Целта на Израел не е да ја окупира Газа, туку да ја ослободи од Хамас
-
Четири пациенти со тешки повреди примени на хируршките клиники во Скопје, по вооружена пресметка во Тетово
-
Вeнс: Се одредува датумот на средбата меѓу Путин и Зеленски за завршување на војната
-
Едно лице е убиено во напад со автоматска пушка во Тетово
-
Началникот од Демир Хисар ќе биде разрешен
-
Таксист од Гевгелија нападнат и ограбен од двајца патници
-
Скопјанец прегазил две 80-годишни жени на крстосница