Утре завршува учебната година
За околу 270 000 средношколци и основци, од кои околу 20 000 првачиња, утре е последниот училишен ден и почеток на летниот распуст.
Учениците-полуматуранти овој месец ќе се запишуваат во прва година средно образование за учебната 2018/2019 година. На 18-ти и 19 јуни е првото пријавување во јавните средни училишта, а второто пријавување во јунскиот уписен рок е на 28 јуни. Во августовскиот рок пријавувањето е на 23 август.
Матурантите, пак, задутре (9 јуни) ќе имаат тестирање по мајчин јазик (македонски, албански или турски) и литература, кој е еден од трите екстерни испити и задолжителен на државната матура.
Првиот екстерен испит (странски јазик – англиски, француски, руски или германски) го полагаа во саботата.
На 11 јуни е тестирањето по третиот екстерен предмет (хемија, физика, биологија, историја, филозофија, естетика или бизнис), а на 13 јуни ќе полагаат кандидатите кои се пријавиле за испит по математика.
Според Државниот испитен центар, оваа учебна година за полагање државна матура се пријавиле вкупно 15 256 кандидати. Таа е услов за запишување на факултетите.
Учениците кои го продолжуваат основното и средното образование, на настава повторно ќе се вратат на 3 септември 2018 (понеделник), за почетокот на новата учебна 2018/2019 година.
Ново на Сител
-
Татко физички си го нападнал малолетниот син во неготинско
-
Еден активен пожар на отворено од вкупно девет регистрирани
-
На Табановце се чека половина час, на другите гранични премини нема подолги задржувања
-
Неготичанка пријавила дека била физички нападната од својот партнер од Скопје
-
Приведени пет малолетници од Дебар, во нив пронајдени цигари си замотана марихуана
-
Под контрола два пожари на отворен простор
-
Почина затвореник од Идризово
-
Изгорени целосно две куќи во Лисиче, едно лице е повредено