-->
-->
Скопјанец ноќеска тешко повреден при пад од мопед
-->
Триесет и двегодишниот А.Б. од Скопје ноќеска се здобил со тешки повреди при пад од мопед марка „Вангје“ со скопски таблици откако изгубил контрола врз моторот со кој управувал на пешачката патека во Градскиот парк.
Како што соопшти МВР, сообраќајката во 2:30 часот била пријавена во Секторот за внатрешни работи Скопје.
- Од незгодата со повреди се здобил мотоциклистот, кој со друго возило бил пренесен во комплексот клиники „Мајка Тереза“, за укажување лекарска помош каде од страна на лекар му биле констатирани тешки телесни повреди, наведуваат во МВР.
Извршен бил увид на местото на настанот и се работи на целосно расчистување на случајот.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Макрон го повика Нетанјаху успешно да ги заврши преговорите со Хамас
-
Димитровска: ДКСК оформи 45 предмети поврзани со изборите
-
14-годишна малолетничка од Петровец избегала од дома
-
Малолетник пријавен за насилство врз неговата мајка и брат
-
Бројот на загинати во поплавите во Кенија се искачи на 228
-
Папата им го честиташе Велигден на православните христијани
-
Скопјанец измамен во менувачница од двајца странски државјани
-
Апсења на аеродромот во Скопје и на границата „Деве Баир“