Македонија
26. October 2015 - 16:53

Стручните училишта ќе можат да отвораат компании

20 илјади евра за отворање на училишни компании. Преку финансиска помош ќе се мотивираат стручните школи да основаат фирми во своите објкети. Во нив учениците ќе добиваат практична настава но и ќе даваат услуги на пазарот на труд. Со претпијатијата ќе раководат стручните професори а парите кои ќе ги заработуваат ќе одат за потребите на училиштето. За 40 дена министерството за образование ќе објави јавен оглас за добивање на грант.

Оваа мерка без помош од државата  функционира неколку години. Досега се отворени 11 училишни компании. Во градежното скопско училиште има три фирми кои добро работат но и заработуваат. Даваат проктантски услуги,изработуваат и монтираат гипс  а има и геодетска лабараторија . За својата работа учениците се наградуваат со патувања и екскурзии.

Целта е преку училишните компании да се зголеми интересот за средно стручно образование, учениците да бираат дефицитарни струки со кои многу полесно ќе најдат работа.