Рајан Рејнолдс - холивудски убавец и „лошо“ момче

Јас сакав да играм улога на духовит сосед во некои ситкоми. Но, моите очекувања биле многу мали. Мислев дека можеби ќе одам во Лос Анџелес да направам неколку незначајни комедии и неколку актерски работи на страна. Верував, дека потоа ќе се откажам и ќе се вратам во училиштето, раскажа Рајан Рејнолдс во интервју за „Гардијан“.
Нешто од неговите предвидувања сепак се случи. Тој допатува од Ванкувер во Лос Анџелес, играше во неколку ситкоми (Two guys, a Girl and a Pizza Place),но играше и во неколку неуспешни комедии како што се Dick, The In-Laws, Buying The Cow и Big Monster on Campus.
Потоа, на 27 години доби улога на детектив во хитот Blade: Trinity, и поради тоа мораше во фитнес центар да мине повеќе од три месеци.
Тој вежбаше и го постигна она што никогаш не мислел дека ќе успее - омиленото холивудско лошо момче. Потоа тој имаше се - улоги во романтичните филмови, играше суперхерој, најславните актерки му биле девојки-сегашната сопруга на Рејнолд е Блек Лајвли и место на листата на најсекси маж на денешницата на магазинот Пипл.
На прашањето дали жали што не остана акционен херој како на почетокот на кариерата, рече: - Не, никогаш немав добри рефлекси. Кога сум расположен, можам да бидам забавен, но тоа е надвор од мојата лига. Дали тоа можам да го играм? Па не знам, големи улога имаат мускулите. Тие холивудски момчиња многу се добри, така што не знам, рече Рајан.
- За мене глумењето е нешто многу повеќе. Го сакам тоа чувство кога сум во екипата. Секогаш размилувам за тоа како би можел да направам луѓето околу мене да се чувствуваат подобро, заклучи холивудскиот актер.
Ново на Сител
-

Ѓорѓиевски: Ќе работиме со МВР и општините да се зголеми опфатот на камерите од „Безбеден град“
-

Како „Везилка“ ќе ја ткае паметната иднина? | Димитар Трајанов и Пешевски | Sitel Podcast 129
-

Филипче: Вечерва ќе побарам да се повлечат сите членови на ИО, новите членови ќе бидат избрани за две недели
-

Уставната судијка Дабовиќ поднесе оставка
-

Уапсен е сопственикот на кравите во Крива Паланка | ВИДЕО
-

Путин: Русија не сака војна, но ако Европа ја сака - подготвени сме
-

Одбраната ги оспорува обвиненијата за пожарот во „Пулс“, судењето продолжува на 4 декември
-

Исплатата на пензиите продолжува редовно, постапката во Уставниот суд не менува ништо во сегашниот модел
