-->
-->
Документарецот открива шокантни детали: Принцезата Дајана имала психичко пореметување поради трауми од детството, тоа и го уништи бракот
-->

Меѓутоа, кога се зборува и се пишува за кралското семејество, невозможно е да не се спомне принцезата Дајана и нејзиниот принц Чарлс.
Фановите на кралското семејство за Хари и Меган сакаат подолг брак отколку што имаа Дајана и Чарлс, а животот на Дајана и Чарлс и понатаму е жешка тема за која многумина сакаат да знаат нешто повеќе.
Во документарецот "Diana - Story Of A Princess" се наведува дека за времето на бракот, пријателите на Чарли зборувале дека принцезата имала психички проблеми поради трауми од детството. Имено, кога имала седум години, нејзините родители се развеле, а старателството го добил нејзиниот татко.
Пени Џуниор, авторката на биографијата на покојната принцеза, исто така во документарецот изнела тврдења дека Дајана во врска со принцот влегла со ментални проблеми кои подоцна кулминирале со депресија и булимија.
Разводот на нејзините родители наводно бил еднакво драматичен како и нејзиниот развод, а родителите на Дајана по разводот речиси не ни разговарале. Нејзиниот татко повторно се ожени по неколку години, а таа тоа тешко го поднела.
- Имала несреќно детство и сама влезе во несреќен брак, вели Џуниор.
Принцезата Дајана била „ идеална девојка за принцот Чарлс“ во таа доба. Била ќерка на англискиот гроф, имала 19 години и немала момче пред принцот.
Иако на почетокот нивниот брак изгледал како бајка, принцезата подоцна сама признала дека тоа било пекол уште од првиот ден, и дека за време на првата година од заедничкиот живот таа заболела од булимија и депресија. Неколку пати се одидувала и да се убие.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Белата куќа: Иран е способен да произведе нуклеарна бомба за „неколку недели“
-
Кочани е во фокус на Владата од самиот почеток и ќе остане така, вели директорот на СОЗР Томовски
-
Нови големи протести против Трамп закажани за средината на јули - „Во Америка, моќта му припаѓа на народот!“
-
Почнав со импровизиран салон од 8м2, денес имам 10 вработени | Октај Сејди | Sitel Podcast 098
-
Сè уште се чека одлуката на Трамп за евентуално вклучување на САД во конфликтот на Блиски Исток
-
На Табановце се чека 40 минути за влез, а на Богородица 30 минути за излез од земјата
-
Во Иран уапсени 24 лица поради шпионажа во корист на Израел
-
ИДФ: Иран напаѓа со ракети со повеќе боеви глави