Македонија
19. May 2018 - 11:44

Прегазен пешак синоќа во Радишани, момчето тешко повредено

Дваесет и четиригодишен возач од село Љубин синоќа на улицата „Радишанска“ во Скопје удрил во 22-годишен пешак.

Повредениот пешак Л.А. со возило на Итната медицинска помош е пренесен во комплексот клиники „Мајка Тереза“ каде е задржан на лекување.  

Незгодата се случила во 23 часот кога возачот Б.Ф. управувајќи патничко возило „фолксваген пасат“ удрил во пешакот. 

Извршен е увид на местото на настанот и се работи на расчистување на случајот.