Обвинителството донесе одлука: Лазукиќ се товари за кривично дело „семејно насилство“ и му се заканува до 3 години затвор

Првото основно обвинителство поднесе денеска во судот обвинителен предлог против Лука Лазукиќ, со кој го товари дека извршил семејно насилство над сопругата Наташа (Беквалац) Лазукиќ, соопшти Танјуг.
Лазукиќ е обвинет за кривично дело насилство во семејството, за кое му се заканува казна затвор од 3 месеци до 3 години затвор.
По разгледувањето на сите докази, обвинителството заклучи дека постои оправдано сомнение дека Лазукиќ го извршил кривичното дело насилство во семејството на штета на Наташа, која го зеде неговото презиме Лазукиќ.

Првиот основен суд во вторникот на предлот на обвинителството на Лазукиќ му ја продолжи мерката „забрана за приоѓање и комуникација со сопругата“, која може да трае до завршување на кривичната постапка.
Во обвинителството потсетуваат дека во овој случај спроведените доказни постапки во рамките на кои е сослушан и Лазукиќ и испитана оштетената Наташа Лазукиќ, а потоа е испрашан и сведокот - бебеиситерката која била присутна во текот на кавгата ноќта меѓу 12 и 13 април.

Објавено е и медицинското вештачење на околносите на видот и механизмите на настанувањето на повредите кај оштетената Наташа, како и психијатриско - психолошко вештачење на Лазукиќ по повод неговата непресметливост во време на вршењето ан кривичното дело, а биле составени и две барања за пружење на потребните известувања до Градскиот центар за социјална работа, Одделението Савски венац и Ургентниот центар на Клиничкиот центар на Србија.
По изведените докази, одбраната на Лазукиќ ги предложи своите докази, од кои Обвинителството усвои еден предлог, а другите ги одби.
Поради тоа одбраната во склад со законските областувања за изведување на тие докази му ги предложи на судијата од претходната постака, кој исто така ги одби овие предлози на одбраната.

Лазукиќ се товари дека на Наташа Беквалац и нанел лесни телесни повреди ноќта меѓу 12 и 13 април. Што се однесува да кривичната пријава на Лазукиќ против сопругата за лажно пријавување, за неа ќе биде одлучено по завршувањето на постапката за семејно насилство.
Лазукиќ на сослушувањето кај обвинтиел не негирал дека дошло до судир меѓу него и Наташа, но негирал дека ја тепал и шутирал.
Покрај тоа, тој поднесе кривична пријава и против нејзиниот татко Драгољуб Беквалац поради кривично дело насилство во семејството.
Ново на Сител
-

Турците, Србите, Германците и Полјаците најбројни странски туристи во земјава
-

СДСМ: Кој ќе одговара за скандалот?
-

Арсовска го повикува Ѓорѓиевски на ТВ дуел
-

Коцевски за Извештајот на ЕК: Тоа се фактите, недостасуваат човечки и материјални ресурси
-

Остатоци од дронови пронајдени во Романија
-

Спроведена постапка за мајката од скопско која го малтретирала своето бебе
-

Нов инвестициски циклус во „Костал“ во 2026, ќе се инвестираат 30 милиони евра и ќе бидат отворени дополнителни 200 работни места
-

Освоена ЏОКЕР премија со 6 погодоци во вредност од 3.152.640 денари
