Битолскиот магазин за хумор и забава „Без навреда“ одбележа 10 години од излегувањето
Битолскиот магазин за хумор и забава „Без навреда“ одбележа 10 години од излегувањето на првиот број во октомври 2005 година.
Панде Димитровски, основач и главен и одговорен уредник на магазинот потенцира дека станува збор за локално списание со национални амбиции, затоа што, подвлече, кој се смее, зло не мисли.
- Бидејќи не постои локален хумор не може да се каже дека сме локално списание, иако дејствуваме на територијата на Битола и малку пошироко, но за жал не сме стигнале до главниот град . „Без навреда“ е магазин за хумор со повеќе рубрики како што се „Измислено интервју“, „Тема на месецот“, „Вицотека-шеготека“, анегдоти... Насловот и мотото на списанието од првиот број и денес е „Без навреда“ и до ден денешен, посебно заради рубриката „Коприва објавува“ ниту едно лице не упатило забелешка, закана или тужба за тоа што сме го објавиле, истакна Димитровски.
Во изминатата деценија, магазинот за хумор и забава „Без навреда“ имал бројни редовни и повремени соработници, а првиот број е отпечатен и дистрибуиран на 17 октомври 20015 година.
- Интересно е да се каже дека во овој момент во Битола, наспроти другите градови во Македонија, живеат најмногу лица што цртаат и објавуваат карикатури а тоа се Спиро Џајко, Блаже Докулевски, Миле Милевски, Кети Радевска, Панде Петровски, Гаврил Докулевски и други автори кои подготвуваат духовити текстови, приказни и хуморески, посочи Димитровски на одбележувањето на јубилејот – 10 години „Без навреда“.
Ново на Сител
-
Николоски: Нови авиолинии од македонските аеродроми, годината ќе ја завршиме со двоцифрен раст на бројот на патници
-
Три активни пожари до 18 часот, 16 изгаснати
-
Утре седница на Советот за национална безбедност на Србија
-
Фицо ја суспендира воената помош за Украина
-
Пожар избил во возило во движење на патот Валандово - Дојран
-
Грчката полиција на аеродромот во Атина уапси маж кој проголтал 100 пакувања со кокаин
-
Обезбедена компресивна облека за 176 повредени од пожарот во Кочани
-
Почина 21-годишниот Виктор Боневски по тешката битка со болеста