Заев: Деловната клима се стабилизира и се отвораат можности за нови инвестиции

Деловната клима се стабилизира и се отвораат можности за нови инвестиции, а со тоа и нови работни места, рече премиерот Зоран Заев синоќа на отворањето на новиот хотел „Јуник“ во Охрид.
Оваа инвестиција, посочи Заев, е потврда дека веќе докажани компании почнуваат да вложуваат, помагајќи ја севкупната инвестициска активност во Македонија.

- Ова е охрабрување за сите наши домашни инвеститори, градители, изведувачи, сето она што ќе го заработат да го остават овде во Македонија, за да им остават на наредните генерации подобри можности, рече премиерот.
Воедно ги истакна заложбите и политичката волја на Владата да гради партнерски однос со бизнис заедницата, преку редовна и интензивна комуникација за потребите на бизнисот и за унапредување на економијата.
Со премиерот Заев на отворањето на „Јуник“ беа министерот за транспорт и врски Горан Сугарески, министерот за здравство Венко Филипче, министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, како и градоначалникот на Охрид Јован Стојаноски.
Ново на Сител
-

СП 2026: Познати 22 од 32 учесника во плејофот
-

Јута прогласи вонредна состојба поради шумските пожари и воведе ограничувања за огномети | ВИДЕО
-

Тошковски: Од првиот ден ja презедовме обврската безбедноста да биде највисок приоритет
-

СП 2026: Белгија го победи Нов Зеланд и се пласираше во плејофот како победник во групата
-

СП2026: Франција ја освои групата, Сенегал остана во игра за нокаут фазата
-

Усик се откажа од сите шампионски појаси, но не ја завршува кариерата
-

Трамп најави американски одговор по иранскиот напад врз трговски брод, американската војска потврди напади врз Иран
-

Зеленски: Украина е подготвена за преговори, но Русија мора да го направи првиот чекор кон мирот
