Монографија „Сеќавања“ од Дана Скендова-Скотланд од Торонто
По повод 23 Октомври – Денот на македонската револуционерна борба излезе од печат монографијата „Сеќавања“ од авторот Дана Скендова-Скотланд од Торонто.
„Сеќавања“ е двојазично дело, на англиски и на македонски јазик, а издавач е „Македонска искра“ од Скопје. Делото е историска вистина за животната приказна на револуционерното семејството Скендови која почнала во познатото револуционерно село Неволјани, Леринско, во Егејскиот дел на Македонија. Судбината на семејството на Скендова била да ја напушти Македонија во немирните времиња исполнети со прогони, неправди, страв и се она што може да го донесе војната и недемократските системи. Патот ги однел на повеќе балкански простори, за на крајот да се преселат и да го почнат својот живот во Торонто, каде живеат шеесетина години.
Пораката на делото е тоа нека биде поттик на идните генерации, без разлика каде се наоѓаат, да не ги заборават корените на прадедовската земја, да бидат продолжувачи на љубовта кон родниот крај, дедовските корени, јазик, црква, култура, обичај, верувања, со што ќе бидат чувари на македонската вистина на дедовската земја Македонија.
Ново на Сител
-
Мицкоски: Наместо европеизација на Балканот се случи балканизација на Европа
-
Двајца кавадарчани нападнале полицаец во угостителски објект, подоцна пресметката продолжила во болница
-
Земјотрес со јачина од 4,8 степени ја потресе Света Гора
-
Му се заканиле со нож, му одзеле 3000 денари, па го удриле неколку пати и избегале
-
Добротворна акција во КСОМ за помош на ранливите групи
-
Осум осомничени за престрелката во Чаир, полицијата се уште трага по три лица
-
Анчелоти ќе го финализира договорот доколку Реал Мадрид ја освои Ла Лига или Лигата на шампионите
-
27-годишен излета со мотоцикл на патот кон Табановце, тешко е повреден