Наскоро оглас за доделување државно земјиште за органско производство
Кон крајот на овој или почетокот на идниот месец првпат ќе биде објавен оглас за доделување државно земјоделско земјиште за органско производство.
Како што најави денеска министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски, првпат ќе биде објавен и оглас за доделување државно земјоделско земјиште за производство на органска сточна храна.
- Овој месец ќе биде распишан и нов оглас за неповратни 70 милиони денари поддршка за млади фармери. Средствата ќе се доделуваат по нов правилник, а предност ќе имаат органските производители, истакна Николовски пред почетокот на дебатата за органско производство.
Министерот напомена дека владината заложба за органското земјоделство не е само декларативна и дека производителите во Владата треба да гледаат сериозен и сигурен партнер.
- Почнуваме со мапирање на органските региони, а во финална фаза е и регистарот на органски оператори преку кој ќе располагаме со точни податоци за сите производители од аспект на сертификација, вид на култури, локација на производство и планирани количини со што евентуалната манипулација на потрошувачите ќе биде сведена на минимум и тие точно ќе знаат од кого и што купуваат, подвлече министерот.
Тој го најави и новиот национален план за органско производство во чии рамки треба да влезат сите развојни мерки и реформски активности за зголемување на површините. Рече дека во соработка со Министерството за здравство се подготвува т.н. органско мени за Детската клиника кое подоцна ќе ги опфати и градинките и основните школи, а паралелно се инвестира и во хидромелиоративни системи за да се намали ризикот од помали приноси и за да се зголеми изборот на култури.
Производителите се задоволни од владината поддршка и сметаат дека тоа ќе им помогне многу за уште поголема достапност на нивните производи.
- Извезуваме во Хрватска и Швајцарија. Пласманот воопшто не е проблем, но мора да инвестирате малку повеќе зашто секој купувач очекува стандард, изјави Сузана Димитриевска, производител на органска храна од Мустафино.
На дебатата што ја организираа Организацијата на потрошувачи, Асоцијацијата „Зенит“ и Здружението на агроновинари Медиа плус, уште еднаш беше нагласено дека органското производство значи поголема безбедност на храната, заштита на животната средина и зачувување на здравјето и на земјоделците и на потрошувачите.
Ново на Сител
-
Германски генерал: Украина оштети 10 отсто од руските стратешки бомбардери
-
„Куќи на ужасот“ – евакуирани 75 стари лица од нелегални домови во Бугарија
-
Македонија загуби од Финска на отворањето на Златната лига 2025
-
Путин потпиша закон со кој се казнува продажба на енергетски пијалоци на деца
-
Тешка несреќа на патот Скопје-Тетово загина 19-годишна девојка и 3 лица се повредени
-
На српските навивачи нема да им биде дозволено да присуствуваат на натпреварот со Албанија
-
Приведени три лица во Тетово и Гостивар затоа што управувале возила под дејство на алкохол
-
Најтежок руски напад врз градот од почетокот на војната