-->
-->
Со заеднички напори за намалување на смртноста кај мајките и новороденчињата
-->
Договор за заеднички придонес во спроведување на дел од мерките за намалување на смртноста на мајките и на новороденчињата во Република Македонија ќе биде потпишан денеска од министерот за здравство Венко Филипче и директорката на Фондот за население на Обединетите нации (УНФПА) за Македонија, Доина Болога.
Со договорот се обезбедуваат вкупно пет милиони денари. Половина од нив обезбедува Владата, додека другата половина УНФПА.
Договорот е усогласен со Програмата на УНФПА за Македонија за за периодот 2016-2020 година, како и со едно од приоритетните национални прашања.
По потпишувањето изјави за медиумите ќе дадат министерот Филипче и заменик - регионалниот директор на УНФПА, Иан Мекфарлан.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Шикорски не ја исклучува можноста Путин да го нападнe НАТО
-
Косовец крадел струја за својот продажен објект во Карпош
-
Обвинетиот за убиството на Чарли Кирк ќе бара прелиминарно сослушување
-
Мотоциклист удрил во 76-годишна жена и тешко ја повредил
-
Полицаец ги казнил за сообраќаен прекршок, па му упатиле закани по живот преку социјална мрежа
-
17-годишник од Скопје пробал да го убие својот татко со остар предмет
-
Стејт департмент: Во Северна Македониа се уште не се исполнети стандардите за елиминирање на трговијата со луѓе
-
Мицкоски: Формирањето многудетно семејство е највисок патриотски чин на еден народ за сопствената татковина