Македонска книжевна визита за зближување на македонските и бугарските писатели
Десет македонски поети и писатели од сите генерации, од денеска до 12 мај во Софија ќе учествуваат на 11-тото издание на „Македонска книжевна визита“, чија цел е афирмација на македонската литература во соседна Бугарија.
Организатор на оваа веќе традиционална манифестација е Книгоиздателството „Макавеј“ во соработка со Македонскиот културно-информативен центар во Софија, а проектот е помогнат од Министерството за култура на Република Македонија.
Годинашната „Единасетта македонска книжевна визита“ ќе започне со голем поетски митинг во Македонскиот културно-информативен центар во Софија на кој ќе настапат дваесеттина бугарски и македонски поети, меѓу кои: Петар Караангов, Трајан Петровски, Поли Муканова, Милован Стефановски, Димитар Христов, Бранко Цветкоски, Роман Кисјов, Наташа Сарџовска, Владимир Левчев, Маја Апостоловска, Николај Шопов, Данило Коцевски, Владимир Луков, Смиле Наумовски, Патар Андасаров, Митко Гогов, Надја Попова и Душко Крстевски.
Се очекува поздравно обраќање на манифестацијата да има и Љубомир Левчев, добитникот на Златниот венец на Струшките вечери на поезијата од Република Бугарија.
Книжевниот портрет на современиот македонски поет, прозаист и публицист Трајан Петровски, е втората клучна содржина на годинашната Македонска книжевна визита во Софија. За поетското творештво на Петровски ќе говорат македонскиот поет и литературен критичар Бранко Цветкоски и бугарскиот поет и преведувач Димитар Христов.
Традиционално, во рамки на манифестацијата ќе биде доделена наградата „Македонски книжевен Дедал“ на бугарски автор-преведувач, кој значајно придонесол за афирмацијата на македонската литература во Бугарија и за унапредување на соработката меѓу писателите од двете земји. Годинашен носител на ова признание е преведувачот, книжевен иследувач и публицист Ганчо Савов, кој во својот опус има десетина преведени книги од македонски писатели на бугарски јазик и над дваесетина студии и рецензии за дела, процеси и естетски тенденции во современата македонска литература.
- Еден од најдрагоцените придонеси на Македонската книжевна визита во Софија е откривањето, поттикнувањето и афирмацијата на нови преведувачи на македонската литература во Бугарија. Во таа смисла наградата „Македонски книжевен Дедал“ која „Макавеј“ ја доделува на секое издание од оваа манифестација придонесува да се оформи во изминатата деценија нова група квалитетни преведувачи (најчесто, истовремено и писатели) кои безрезервно ја согледаа квалитетната и специфична мисија на македонската литература, наведуваат од Издавачката куќа „Макавеј“.
Меѓу најголемите афирматори на македонската литература, дел од кои и добитници на „Дедалот“, се угледните современи бугарски писатели и преведувачи: Петар Караангов, Иван Гранитски, Бојан Ангелов, Елка Њаголова, Димитар Христов, Николај Шопов, Роман Кисјов, Здравка Итева, Тања Попова, Петар Андасаров и др. Овие преведувачи, кои се и афирмирани автори на бугарската литература, според организаторите на манифестацијата, заедно придонеле околу 60 дела од македонски автори во изминатата деценија да бидат пласирани и афирмирани на бугарската книжевна сцена, во копродукција на Макавеј со бугарски издавачи.
Учесниците на манифестацијата и оваа година традиционално ќе го посетат и ќе положат цвеќе на гробот на Венко Марковски, еден од основоположниците на современата македонска литература.
Ново на Сител
-
Нема опасност за населението од излевањето на Маркова река, уверуваат локалните власти
-
Путин се сретна со Додик во Москва
-
Предлог-измените на Законот за субвенциониран студентски оброк поминаа на собраниската Комисија за финансирање и буџет
-
Додик: Ниту побарав, ниту добив руско државјанство
-
Средба на претседателката Сиљановска-Давкова со учесниците на програмата „Конекција Оксфорд“
-
Отворена нова истрага против Марин Ле Пен - за закани кон судии
-
Заматена водата за пиење во Кавадарци
-
Предлог-измената за забрана на пиротехника во затворен простор помина на собраниската Комисија за одбрана и безбедност