Заев: Шаќири може да помогне бидејќи во минатото покажал дека ја знае состојбата на целиот терен
Советниците не добиваат сертификати за класифицирани или безбедносни информации, изјави премиерот Зоран Заев денеска одговарајќи на новинарско прашање во врска со тоа дали ваков сертификат ќе добие и советникот Џезаир Шаќири.
- Ова лице има информации од целиот терен. Во минатото се покажало дека ја знае состојбата на целиот овој терен на северната граница на Македонија и верувам дека може да помогне, рече Заев по завршувањето на денешното рочиште за предметот на СЈО „Поткуп“ во кој тој е обвинет.
Заев посочи дека за сите советници ангажманот е една година и оти за време на тие ангажмани ќе се покажат дали некој ќе даде резултати или не. Секако, како што додаде, доколку не дадат резултати јас ќе помогнам и на други места да работат.
Верувам, рече Заев, дека преку концептот „Едно општество за сите“ можам да придонесам во попуштање на тензијата во ова наше општество.
- Бошкоски и Шаќири беа од различна страна на нишаните. Сега работат за својата Република Македонија и ако вака гледаме на работите можеме сите да бидеме порастоварени и да знаеме дека шанси заслужува секој во државава, истакна Заев.
Конечната цел, како што додаде тој, е да направиме пријатно општество во кое ќе биде вредно да се живее.
Ново на Сител
-
Апсења во случај на корупција во кој е вклучена агенција на НАТО
-
Таравари: Јас поднесувам оставка, другите ќе бидат разрешени
-
Зеленски рече дека е подготвен за каков било формат за преговори за ставање крај на војната
-
Пратениците донесоа повеќе закони, долга дискусија по измените на Законот за Инспекторат за употреба на јазиците
-
Приведен 33 годишник од Битола, при претрес на неговиот дом пронајдени се дрога и воздушна пушка
-
Студентите од Правниот факултет во Ниш поднесоа кривична пријава против Вучиќ поради посетата на пациенти од Кочани во УКЦС
-
Почна протестот на семејството на Фросина Кулакова која загина во сообраќајка на „Партизанска“
-
Обвинителството бара замена на мерката „притвор“ со „куќен притвор“ за поранешен министер за економија и државен секретар за трагедијата во Кочани