Отпочнаа подготовките за втората фаза од Спогодбата за асоцијација и стабилизација

Владата на денешната 67. седница ја разгледа и усвои Информацијата околу новите моменти за премин во втора фаза од Спогодбата за стабилизација и асоцијација (ССА) меѓу Република Македонија и Европската унија, и го задолжи вицепремиерот за европски прашања Бујар Османи да ги координира релевантните институции во подготовките на позициите на РМ по соодветните одредби од ССА поврзани со преминот во втората фаза и истите да и ги предложи на Владата веднаш по одржувањето на следниот состанок на Советот за стабилизација и асоцијација.
Како што соопшти владината прес-служба, со оваа одлука на Владата се задолжуваат надлежните министерства и другите органи на државна управа кои се засегнати со преминот во втората фаза на ССА, да направат анализа и да дадат најнов пресек и статус на соодветните одредби, и за истото да го информираат Секретаријатот за европски прашања, најдоцна до 11 мај 2018 година.
Оваа одлука на Владата на РМ, како што е наведено во соопштението, доаѓа врз основа на вербалната нота доставена од страна на Канцеларијата за врски на Република Грција до Министерството за надворешни работи на 23 февруари 2018 година во која се информира дека Република Грција нема резерви во однос на преминот на Република Македонија во втора фаза на ССА.
Ново на Сител
-

Мерц побара Иран да престане да го дестабилизира Блискиот Исток
-

Ноќеска дожд, утре променливо облачно и постудено, наместа ветер над 60 км/h
-

Распишана централна и меѓународна потерница по Михаилова Ива
-

Казни од 500 до 1.500 евра за младите во Хрватска доколку не се јават на преглед за воен рок
-

Бугарскиот амбасадор повикан во МНР: Пpечекот на Ива Михајлова во Софија е провокација и ги подрива напорите за добрососедство
-

Вонредна ситуација на аеродромот во Нирнберг: Целосно запрен авиосообраќајот, ангажирани и борбени авиони
-

Клековски: Вакцинацијата против сезонски грип треба да почне од 16 до 25 октомври
-

Тошковски и Руф ја потврдија заложбата за продлабочување на македонско-австриската полициска соработка
